Колку е важна улогата на пумпите?
„Поздрави од сончевата Македонија!“ – така Metso ја започнува својата приказна за Бучим, ангажманот на неговите стручњаци и резултатите од него
Metso е водечка светска индустриска компанија која нуди опрема и услуги за одржлива обработка на природните ресурси во рударството и процесирањето. Со своите уникатни знаења и иновативни решенија им помага на своите клиенти да ја подобрат оперативната ефикасност, намалат ризиците и зголемат профитабилноста, притоа сметајќи ја безбедноста како суштински елемент во сите свои активности. Metso глобално има околу 12.000 експерти во повеќе од 50 земји и располага со мрежа од над 80 сервисни центри со околу 6.000 професионалци подготвени да ја понудат секоја услуга што ќе се побара од нив. Дел од нив од рудникот за бакар Бучим ја донесоа оваа успешна приказна.
20% заштеда на енергија, 0,5% поголема рекуперација
Вистинската пумпа за соодветната работа секогаш ги подобрува резултати. Во тоа се уверија и одговорните од Бучим кои одлучија да ја заменат постојната пумпа со Metso MDM300. Резултатите веднаш беа видливи преку намалувањето на оперативните трошоци – заштедата на енергија изнесуваше 20%, стапката на рекуперација на металот се зголеми за 0,5% а работниот век на пумпата за 10%. Но како се дојде до тоа?
Потреба за стабилен процес
Бучим денес може да се пофали со извонредни 98% ефикасност на целокупната опрема. Бакарниот концентрат од рудникот е со висок квалитет без значителни нечистотии, поради што е баран од европските топилници. Рудникот произведува 4,5 милиони тони руда годишно со капацитет од 2.000 тони катоден бакар. Во 2014 година рудникот доживеа сериозни проблеми со контролата со хидроциклонската пумпа, што резултираше со сува работа, неконзистентен доток и низок проток. Во рудникот знаеја дека пумпите се наоѓаат во срцето на процесот на флотација кој требаше да се стабилизира, како и да се зголеми рекуперацијата, да се намали потрошувачката на енергија и да се продолжи работниот век на пумпите. Исто така знаеја и дека изборот на доверлива и ефикасна пумпа ќе овозможи целиот процес да биде поефикасен. Врз основа на долгогодишната соработка и искуството од неа, Бучим се обрати на Metso за решение за овој проблем.
Избор на најдобрата пумпа за соодветната работа
Metso го анализираше процесот за да ја одреди вистинската големина на пумпата за максимизирање на нејзиниот век на траење и постигнување највисока ефикасност во работата. Изборот падна на MDM300, бидејќи нејзината хидраулична конструкција ја ограничува влезната брзина, овозможувајќи работа со најдобра ефикасност. Висококвалитетните материјали од кои е направена обезбедуваат отпорност на абразивни, корозивни и ерозивни супстанци, а со тивката работа лесно ги задоволува барањата за бучава. Пумпата беше успешно инсталирана во април 2015 година, заедно со променлив фреквентен конвертор. Тој му овозможи на рудникот да ја регулира брзината на ротацијата на пумпата и да го контролира нивото на влезниот резервоар, стабилизирајќи го процесот и елиминирајќи ја сувата работа.
Со подобрување на контролата на процесот се постигна подобра сепарација и импресивно зголемување од 0,5% во рекуперацијата на металот. Бидејќи сувата работа веќе не беше проблем, издржливоста на пумпата се подобри за 10%, со вкупна заштеда на енергија од 20%. Задоволни од одличните резултати и работата на Metso, квалитетните производи и сервисот што го имаат, како и од тоа дека пумпата работеше повеќе од 8.000 часа без застои, во рудникот во април лани одлучија да инсталираат втора ваква пумпа. Од Бучим истакнаа дека согледале дека оваа пумпа има добра конструкција, лесно прилагодување на абењето и едноставно одржување, така што со втората уште повеќе ќе ги намалат вкупните оперативни трошоци. Тие се свесни дека пумпите се срцето на флотацијата и без нив процесот ќе престане, како и дека ако пумпата е ефикасна и целиот процес ќе биде ефикасен.
Затворен систем за еколошка контрола
Од своето основање во 1978 година, рудникот Бучим е целосно посветен на своите општествени одговорности во регионот. Затворениот тек на водата во рудникот овозможува таа повторно да се употреби и спречува да истече надвор од него. Откако водата ќе се искористи во процесот, таа се доведува до јаловиштето каде што поминува низ процес на класирање и прочистување, а потоа се враќа назад во процесот. Браната на јаловиштето е внимателно следена и нејзината стабилност еднаш годишно се контролира од надворешни стручњаци. На изненадување, во водата од јаловиштето која има многу чист PH фактор од 9,5-10, има и риби. Ѕидовите на браната се направени од издвоениот песок со користење на хидроциклонската пумпна станица. На врвот се нанесени 25 сантиметри почва, а за санација на земјиштето се засадени дрвја. За успехот на проект сведочат посетите на претставници на други рудници кои доаѓаат за да се запознаат со него.
Metso MD семејство пумпи
Овие пумпи на Metso се направени врз основа на долгогодишното искуство, одличното познавање на проблематиката и широкиот спектар на апликации за минерална обработка низ целиот свет. MDM и MDR сериите се карактеризираат со доверлива работа и максимално време помеѓу ремонтите. Нивната модуларна конструкција со двојна прилагодлива функција ги одржува перформансите на пумпата и ефикасноста со мали толеранции. Со заменливоста на сите метални и гумени делови одговараат на сите работни параметри.