Шмиц Каргобул Македонија 

Прослава со повод

► При крајот на месец мај, во Шмиц Каргобул Македонија имаше добри причини за дружење со партнерите. Прославата на 16 годишнината од постоењето на фирмата беше збогатена со претставување на SCB уредот за ладење при транспорт како и со новата S.CS Genios серија на полуприколки со церада

Во пријатна атмосфера и присуство на бројни пријатели и бизнис парнери, дамаќините од Шмиц Каргобул Македонија  ја прославија 16 годишнината од постоењето на компанијата. Можеби тоа не е долг период за да се говори за долга традиција но, за наши домашни прилики, сосема доволно време да се изградат професионални релации со бројни клиенти и бизнис партнери.

За правилно избраниот принцип на работа доволно говорат постигнувањата. И повторно, раководејќе се спрема светските стандарди на работење, токму како што и одговара на претставник на светски познат бредн од калибарот на Schmitz Cargobull, место за опуштање нема. Со оптимизам се гледа на понатамошниот развојот на компанијата па токму во тој дух и прославата на годишнината беше искористена за претставување на два нови продукти. На пригодна презентација беше претставен SCB уредот за ладење при транспорт како и полуприколката со церада S.CS Genios.

SCB уред за ладење при транспорт

Практична реализација на идејата за сопствен SCB уред за ладење при транспорт потекнува од 2007 година. Сериското производство е започнато во 2013 година а една година подоцна бројката на вградени уреди веќе изнесува преку илјада. Развојот на овој тип уреди продоложува со проектирањето на Multitemp, чие сериско производство се очекува од наредната есен.

Смислата за развој и производство на сопствен уред за ладење при траснпорт, при пазарни услови во кои постои огромна конкуренција, во Schmitz Cargobull ја наоѓаат во можноста да се понуди напреден технолошки производ кој ќе претставува апсолутен лидер во својата класа.

Од спецификите на SCB уредот можеме да ги издвоиме: компактните димензии, современиот погонски дизел агрегат со читири цилиндри, потоа оделеноста на вентилаторот на кондензаторот и вентилаторот на испарувачот и нивна одвоена контрола. Во поглед на одржувањето исто така се постигнати одлични резултати – широкото отварање на капаците и можноста за промена на греачите од надвор, значат заштеда на времето предвидено за редовно оддржување. Сервисните интервали се пролонгирани и сега се димензионирани на 3.000 работни часови годишно. За полесно пратење на параметрите на ладење, а според желба на клиентот, на располгање се става и TrailerConnect© системот со кој е овозможена двосмерна комунакација на секој уред со централниот комјутер на производителот. Во поглед на економичноста на работа, паралелните компаративни тестови покажуваат дека уредот за ладење на Schmitz Cargobull, благодарејќи на интелигентната работа на моторот и автоматската контрола на вртежите во зависност од оптеретувањето, го поставуваат на самиот врв во однос на конкурентите. Како ориентир нека послужи просечната потрошувачка на нафта од 1.6 литри/час која е за дваесетина проценти пониска од конкурентските уреди.

Ефикасноста на ладењето можеме да ја отсликаме преку до 50% помалку циклуси на одмрзнување што се должи на специјалниот дизајн на испарувачот кој го спречува замрзнувањето. Во иста функција се ставени и греачите кои се директно интегрирани во испарувачот.

S.CS Genios

Полуприколките со церада на Schmitz Cargobull од пред некое време се произведуваат со носечка структура која се изработува по нова технологија а се одликуваат со особена цврстина, флексибилност и едноставност. Новата технологија која наместо заварување за изработка на носечката структура користи технологија на ладно валање, е сместена во новата фабрика со производна површина од 12 ијади м2 а целата инвестиција ја надминува сумата од 30 милиони евра.

Сопствениот развоен тим на фирмата се јавува како автор на целиот проект. Ладното валање овозможува изработка на составните делови (подлога-носач) без заварување, намалување на составните делови, потоа флесибилност на производниот процес што се огледа во брзото прилагодување на производната линија во однос на различните платформи како и едноставно менување на компонентите во случај на оштетување.

Треба да се знае и фактот за горната површина која е третирана со топло поцинкување, а тоа знаеме дека оди во прилог на постојаноста на материјалот од која е изработена.

Инаку полуприколките со церада S.CS Genios, можат прецизно да се опишат преку четири главни принципи: MODULOS, ROTOS, FLEXOS и Varios Simple. Овие четири принципи на изградба, соодветно, се однесуваат на модуларноста на носечката конструкција, изведбата на оските, товарање и истоварување и на крајот на контролата и автоматското одржување на притисокот во пневматиците.

Целиот пристап на изградба на S.CS Genios полуприколките е грижливо дизајниран со посебна посветеност кон деталите кои се карактеристични за одредена корисничка група. За квалитетот на продуктот можеби најдобро говори фактот за 10 годишна гаранција од корозија.