Ќе започне ли конечно изградбата на истанбулскиот канал?

Турција решена дека и треба уште еден пловен пат

Турскиот министер за околина и урбан развој ја најави реализацијата на планот за изградба на истанбулскиот канал

Идејата за оваа пловна артерија која паралелно со Босфорскиот мореуз би ги поврзувала Црното и Мраморното море за прв пат во јавноста е најавена уште во 2011 година, но започна да се планира дури во 2018-тата. Сепак не течеше сé според желбите, бидејќи дел од структурите се противеа, вклучувајќи го и градоначалникот на Истанбул. Но сега се чини дека сето тоа е надминато бидејќи планот за изградба на овој канал веќе е одобрен. Трошоците за него се предвидуваат на најмалку 10 милијарди долари, а времето потребно за изградба 5 години. Треба да има капацитет за поминување на околу 160 бродови дневно, вклучувајќи ги и големите танкери од 300 илјади тони. Низ Босфор годишно поминуваат 53 илјади бродови.