Златен EuroNCAP медал за Volkswagen T6.1

Златна безбедност за комбито на VW

EuroNCAP го награди VW Transporter со златен медал за неговата безбедност

Големата експанзија на трговијата преку интернет доведе до зголемување на побарувачката за возила за испорака. Како резултат на тоа, бројот на комби возила на патиштата се зголемува, што беше добра причина EuroNCAP како институција која не треба посебно да се претставува, да реши да се позанимава со безбедноста на комерцијалните возила и да тестира 19 од нив со максимална вкупна тежина до 3,5 тони, со фокус на достапноста и функцијата на системите за активна безбедност. По обемното тестирање, на првото место се најде Volkswagen Transporter Т6.1, како резултат на што од страна на EuroNCAP е награден со златен медал за постигнатите резултати. Во нивното образложение се вели: „VW T6.1 им нуди на потрошувачите можност да добијат широк спектар на безбедносни карактеристики со добри перформанси и затоа го заслужува златниот медал од тестовите на EuroNCAP. Новиот Transporter T6.1 го постави новото ниво на безбедност кое отсега ќе биде очекувано од сите возила во сегментот.“

Во понудата на Volkswagen Transporter T6.1 достапен е широк избор на системи за помош на возачот. Тие вклучуваат бројни функции за безбедност и асистирање кои одговараат на барањата на секој клиент – од систем за следење на коловозна лента и предна асистенција со функција за сопирање во итни случаи, сè до адаптивен темпомат со ограничувач на брзината.