AJCE AB 600M

Премиум кршачи од Кореја

Корејската компанија AJ Construction Equipment позната е во светот по производство на посебни приклучоци за хидраулични багери, со посебен акцент на приклучоци наменети за кршење

Двајца корејски претприемачи во 1990 година одлучуваат да ја формирарат компанијата Ajin Precision која на почетокот се бави со производство на контролни вентили за хидраулични кршачи. Ете така започнува успешната приказна за AJCE (AJ Construction Equipment), компанија која со специјализираните приклучоци за крешење кои се монтираат на главите на хидрауличните багери, денес е присутна на сите најголеми светски пазари.

Пробивот на AJCE се базира на темелниот сопствен развој и изработка на приклучоци од исклучително квалитетни материјали. Кога така се работи, успесите на долг рок се загарантирани. Таквиот пристап ни е одлично познат од машинските производи кои носат далекуисточен печат. Бројни се примерите од јапонски и корејски производители кои упорно работат денес, за да успехот им дојде во поблиска или подалечна иднина.

Упорно вложување во квалитет

Строго внимавајќи на квалитетот на секој производ и упорно инсистирајќи на трајните вредности, AJCE внимателно развивајќи се, во 2011 година го отвара својот европски центар во Ротердам, Холандија. Со тој потег корејските производи стануваат достапни и за европските клиенти, и тоа вклучувајќи ги сите активности, од експертиза па сé до магацинско работење.

За да се создаде слика околу глобалниот пристап на компанијата ќе кажеме дека кршачите на AJCE се прилагодени за монтирање во хидрауличните багери на нјаголемите светски производители. Како пример нека послужат брендовите: Liebherr, Volvo, Doosan, Hyundai, Caterpillar, Komatsu, Hitachi, Case, New Holand, JCB, John Deere, но и други далку-источни производители кои не се присутни на европскиот пазар.

Моментално производниот програм на AJCE се состои од 18 разни модели на кршачи, со оперативна тежина која се движи помеѓу 1 и 60 тона. Оваа широка палета на производи во секој момент може да се збогати со некој нов модел на кршач кој би бил изработен по посебна спецификација, наменет за специфични работни апликации кои ќе ги побара клиентот.

AJCE AB 600M

Во зависност од намената и потребите, според големината и оперативната тежина, кршачите на AJCE се поделени на три групи. Присуството на акумулатор на удари исто така прави поделба која е во врска со јачината и фрекфенцијата на ударите, а положбата на внатрешен и надворештип на вентили го дефинира применетиот механички систем.

Моделот AB 600M со својата оперативна тежина која може да биде 1.463, 1427 или 1.381 kg се сместува точно на средина од понудата. Во понатамошната спецификација на овој кршач стои дека протокот на хидрауличната течност е во границите помеѓу минималните 9 и максималните 120 литри во минута. Под оперативен притисок од 150 до 170 bar, максималната силина на ударот изнесува 2.700 Joule.

Во случајот говориме и за пресек на ударното длето од 125 mm, а самото длето повторно во зависност од материјалот кој треба да биде искршен, може да има облик на клин, конус, да биде тап како чекан или пак класичен во облик на зашилена пирамида.