Екстремна моторна мистрија за професионалци
► Новиот модел HDX600 е хидраулички контролирана моторна мистрија задвижувана од педесет коњски сили моќен дизел мотор
Конструирана со професионалците на ум, и тоа оние кои работат на големи проекти, оваа моторна мистрија има посебни режими за панирање и финиш на бетонски површини и дигитално отчитување на нивото на гориво во големиот49-литарски резервоар. Моторот е водено ладен турбо дизел Hatz 3H50TIC Tier IV Final од 50 KS, а хидрауличниот систем Bosch-Rexroth. Интелигентен погонски систем го контролира роторот кој се врти со брзина до 165 вртежи во минута, со двојни ротори со пет краци од 1,17 метри. Двојазичниот дигитален дисплеј ја прикажува дијагностиката на моторот (температура, број на вртежи, притисок на маслото, разни предупредувања и слично), а се контролира преку двојни електрични џојстици. Системот за подигнување е високоинсталиран со две точки, а долната врска со четири точки. Тежи 995 килограми.
Оваа американска компанија во својата понуда има и уште поголем модел на моторна мистрија. Во Европа е присутна само во Скандинавијата, Велика Британија, Белгија и Русија. Овој модел се извезува со Kubota V1505-T-E3B дизел мотор со 44 коњски сили, а за домашниот американски пазар се нуди и во бензинска верзија со 57 KS.