Еколошки и економично
Гасните вилушкари се прво нешто што се гледа за многу делатности, заради што и Anhui Heli ги има доста во својата понуда
И покрај ограничувањата што ги наметнува погонот на течен нафтен гас (овие вилушкари не смеат да се користат во затворени простории ниту во близина на отворен пламен и алати и машини кои искрат), тие се прво нешто што многумина го разгледуваат за својата работа. Има и добри причини за тоа – економичноста што ја овозможува погонското гориво, евтиното и едноставно одржување, а по последно време и еколошките придобивки. Anhui Heli групата, како еден од лидерите во оваа индустриска гранка во целост го има насочено развојот на своите производи и кон гамата гасни вилушкари. Во тоа им помагаат огромните инвестиции во развојните одделенија кои како последица им овозможуваа следење на сите најнови трендови, постојано унапредување на гамата производи, независни иновативни решенија и организација на производството, што пак во комбинација со употребуваните компоненти од најистакнатите јапонски производители ги прави нивните вилушкари доста конкурентни како според карактеристиките, така и според цената.
Главни предности на сите вилушкари на Heli, вклучувајќи ги и гасните, се користењето најнови генерации на високо квалитетни и издржливи јапонски мотори со намалена потрошувачка на гориво и ниска емисија издивни гасови; систем на трансмисија кој се состои од висококвалитетни компоненти изработени со користење на современи производствени технологии и машини; практичен дигитален дисплеј што ги прикажува основните перформанси на машината; силно и доверливо управување и хидрауличен серво систем; звучна и топлотна изолација на одделот на моторот; добро лоцирани команди и подесив управувач со електричен прекинувач за правецот на движење; ергономско седиште со систем на сигурносни појаси; јарбол со зголемена прегледност, комфор за операторот и безбедност во работата; комплетна опрема за светлосна и звучна сигнализација; удобни кабини со греење и друго.
Гамата гасни вилушкари на Heli е поделена на две семејства – помалата G и поголемата H серија. G серијата има три различни модели со вкупно седум варијанти. Најмалиот модел CPQD10, 15 односно 18 има носивост од 1.000, 1.500 и 1.750 kg. Тежиштето на товарот му е на 500 mm, а максималната брзина 18 km/h. Опремен е со 1,5 литарски четирицилиндричен Nissan K15 мотор со 32 KS и 103 Nm, Lovato гасна инсталација и хидраулична трансмисија со автоматски пренос со по еден степен за возење напред и назад. Стандардно доаѓа со дуплекс јарбол со висина на подигнување од 3.000 mm, а може да биде опремен и со дуплекс јарбол со висина на подигнување до 6.500 mm, дуплекс со слободно подигнување на висина од 3.000 mm до 5.500 mm или триплекс јарбол со висина на подигнување од 3.600 mm до 7.000 mm. Должината на вилушките кои имаат 3 хидраулични команди изнесува 1.220 mm, класата за нивно закачување е 2А, а гумите се пневматски. Стандардно вилушкарот доаѓа со ергономско седиште со сигурносен појас, кровно заштитно платно и ретровизори, а опционалната опрема вклучува продолжени вилушки, полни гуми, двојни предни гуми, 4 хидраулични команди, катализатор за издувните гасови, челична кабина со греење, предно стакло со ПВЦ кабина, двоен филтер за воздух, задни работни светла и друго.
Со истата опрема располага и поголемиот модел CPQD20 односно 25, кој има носивост од 2.000, односно 2.500 kg. Тој е опремен со 2,1 литарски Nissan K21 мотор со 44 KS и 144 Nm, кој исто така го задвижува и CPQD30 кој има носивост од 3.000 kg. Најголемиот пак од оваа серија, моделот CPQD35 кој како ознаката му кажува има носивост од 3.500 kg, располага со 2,5 литарски Nissan K25 мотор со 51 KS и 177 Nm максимален вртежен момент. Двата најголеми модела освен по поголемите димензии и тркала се разликува и по класата на закачување на вилушките, која кај нив е 3A. H серијата вилушкари веќе е наменета за малку посериозни задачи иако многу од перформансите, спецификациите и опремата им се слични како и кај G серијата. И моторите кај првите три модели кои имаат идентични технички ознаки и носивост како и соодветните од G серијата се исти, но затоа најголемите CPQD40, 45 и 50 имаат шестцилиндричен Nissan TB42 мотор од 4,2 литри со 90 KS и 310 Nm, кој освен носивост од 4.000, 4.500 и 5.000 kg им обезбедува и брзина од 24 km/h.
Дури и вака брзиот преглед на спецификациите на гасните вилушкари на Heli покажува дека за секого има по нешто, што всушност е и работната стратегија на најголем кинески и осми големина во светот производител на вилушкари.