Atlis XT

Електричен пикап со големи товарни можности

Компанијата Atlis Motor Vehicle најави производство на голем пикап со готово неверојатни можности

Според наводите на производителот, овој модел треба да биде достапен во неколку изведби во согласност со потребите на корисниците. Така, најавуваат дека во понуда ќе бидат модели со батерии со различен капацитет кои ќе овозможат автономија од 300, 400 или 500 милји (480, 640 или 800 km), како и дека батериите ќе можат да се дополнуваат со брз полнач за само 15 минути. Овој пикап празен ќе забрзува до 100 km/h за околу 5, а под полно оптоварување за 18 секунди, додека максималната брзина ќе биде поголема од 190 km/h. Во внатрешноста во зависност од конфигурацијата ќе има место за 6 лица кои ќе се сместат на два реда седишта, а товарниот простор ќе биде достапен во изведби со должина од 2 и 2,5 метри. Носивоста на основната верзија ќе изнесува 2,3 тони, а во понуда ќе биде и изведба со седло за влечење полуприколка со вкупна дозволена тежина од 15,8 тони. Клиренсот ќе му изнесува 305 кај основната и 380 mm кај off-road изведбата, а ќе биде достапен и со двојни задни тркала. Производството треба да му започне годинава.