Најбрзо направениот пат на сите времиња
Делницата од 4,9 километри беше завршена за само два дeна
Во регионот Мура недалеку од Перт, направена е комплетна санација на пат која чинеше само 443.000 долари. Но она што го предизвика вниманието на јавностa е оваа снимка од дрон на која се гледа како течеше неговата рапидна изградба – за само два дена беа завршени скоро пет километри! Овој необичен начин на изградба на патишта се вика chip-seal и постои скоро цел век. Прво на подлогата се нанесува тенок слој на течен асфалт, а после тоа (со камиони кои возат наназад) се посипува чакал. Но освен што е брз и евтин, патишта на направени на овој начин не траат долго и не се погодни за места со многу падавини и мраз.