Bema Maschinenfabrik GmbH

Чиста работа во секој поглед

Ова не е само тврдење, туку ветување

Bema Maschinenfabrik GmbH е етаблиран и иновативен производител на машини за чистење и плугови за снег. Машините за чистење снег кои се произведуваат се карактеризирааат со ригиден дизајн, сигурност и најмодерен инженеринг. Квалитетот и функционалниот дизајн се дел од традицијата на компанијата веќе 75 години.

Bema производите се специјално дизајнирани при изградбата на патишта, уредување на површини и за потребите на локалната самоуправа. Исто така, може да се обезбедат и прилагодени решенија и производи за задоволување на речиси секоја потреба, како што се на пример барањата на аеродромите или каменоломите. Врвен приоритет е да се понудат производи и  услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите.

“Чистота насекаде” тое е слоганот на сите BEMA – производи

Bema Professional” метларките се со издржлив дизајн. Оваа група ги вклучува Bema Titan Dual, Bema 75 Dual, Bema 35 Dual и Bema 30 Dual. Bema Titan Dual и Bema 75 Dual имаат исклучително широк дијаметар на четките од Ø 920 и 780 мм, и се гаранција за добро чистење на градилишта, рудници, фабрики за биогас и земјоделски претпријатија. Овие машини исто така можат да се користат и без нивните огромни контејнери за собирање. Bema 35 Dual и 30 Dual се повеќенаменски метларки. Со своите четки со дијаметар од Ø 660 или 600 mm, немаат потешкотии во расчистување на градилишта, патишта и индустриски површини. Тие, исто така, се опремени со докажаниот Dual систем и може да се користат речиси насекаде. Чисталките можат да бидат опремени со хидраулични странични четки од десно или лево за ефикасно чистење на местата кои се тешко достапни. Сите машини се опремени со добро докажаниот hydroblock или premium hydroblock. Тие содржат вентили за олеснување притисок, заштита на четката од преоптоварување, вентил прекинувач за колекторот за нечиста вода и конектор за странични четки.

Четките Bema Independents се идеални за големи површини. Bema Jumbo (четка со Ø 920 mm) и Bema 3 Robust (четка со Ø 660 мм) можат да се справат со нечистотијата што е тешка за отстранување. Опцијата “слободно чистење” овозможува добра видливост од кабината.

Моделите Bema 25 и 20 спаѓаат во групата на Bema Allrounder, кои ја покажуваат нивната вредност како флексибилни и повеќенаменски. Тие претставуваат идеална почетна опрема, со тоа што можат да бидат монтирани на различни типови на возила. Bema 25 со четка од Ø 580 мм дава одлични резултати на чистење и долг работен век. Чистењето на големи површини не е проблем со големиот капацитет на контејнерот за смет од 220 до 370 литри. Контејнерот за смет може лесно да се отстрани и повторно да се поврзе, доколку е инсталирана опцијата “слободно чистење”. Bema 20 е помал модел кој добро се покажува во многу примени. Со дијаметар на четката од Ø 520 mm, чисти ефикасно и има долг век на траење.

Bema го нуди Street Fighter, кој е идеален за возилата на локалната самоуправа и е оптимизиран за ограничувањата на носивост на нивната осовина. Bema Kommunal 400 Dual е ултра лесна, со дијаметар на четката од само Ø 400 mm и е специјално приспособена да одговара на мали превозни возила, мали трактори и косилки. Bema Street Fighter, најмалиот чистач, нуди добра видливост и оптимални резултати и е исклучително корисен во текот на зимата. Чисталката може да се справи со 8 или 10 см снег

Bema 40  Industry е совршена  машина за чистење во затворени простории и надвор. Целосно затворениот мотор значи дека овој производ функционира  речиси без прашина. Интегрираниот распрскувач на вода може да се користи за дополнително намалување на прашината.

Расчистувањето на снегот и мразот и посипувањето со сол е од витално значење кога патеки, патишта и плоштади се покриени со мраз или снег. Bema Snow Champions се исклучително ефективна група на производи кои се поврзуваат со соодветни комунални возила, трактори и ниски натоварувачи. Тоа вклучува 1100, 700 и 550 серија на снежни плугови и специјализираните Bema V Snowplough V800.