Бетонирање на студено време

И да врне, и да вее…

► Иако ја немавме во вистинска смисла годинава, зимата ја оставивме зад нас а со тоа и маките околу бетонирањето на студено време. Заради тоа сега е моментот кога неоптоварени од временските услови треба да се разгледаат опциите како исправно да се изведе бетонирањето на студено време


Имало вистинска зима или не, кога таа календарски е на власт често сме сведоци на такви временски (не)прилики кои во секој случај подразбираат преземање одредени превентивни и заштитни мерки за да се зачуваат квалитетот на бетонот и неговата надворешна површина бидејќи големите температурни разлики меѓу денот и ноќта, флуктуациите во содржината на влага во воздухот, дождот, ветрот, мразот и снегот што се топи можат во голема мерка негативно да се одразат. На можните оптички оштетувања на изгледот на надворешната површина на бетонот значајно влијание имаат количината и употребениот сооднос на водата и цементот. Пресудни фактори сепак претставуваат стабилноста на свежиот бетон, развојот и текот на процесот на хидратација како и додавањето, односно одземањето на влагата. Заради тоа студеното (како и топлото) време бараат преземање одредени мерки за градежните работи, посебно бетонирањето, да се одвиваат по својот нормален тек.

Ниските температури го забавуваат текот на зацврстување на бетонот и делувањето на додадените средства и адитиви во него. Во вакви услови кај одредени видови на бетон може да се појави ефектот на подигнување или избивање на водата на ѕидовите на кои се наоѓаат оплатите. Овој ефект дополнително е засилен со ладните оплати и ниските температури на свежиот бетон. Како последица на надворешната површина на бетонот и под оплатите се наѕираат темни и неугледни дамки. Насобраната количина на вода која нема да успее да стигне до површината делумично може да предизвика појава на исклучително големи пори на површините со оплати.

Друг проблем се дождовите – зимски, есенски или пролетни, сеедно. Нивната мека вода поедноставно го пронаоѓа својот пат на движење на површината на свежиот бетон и на неа зад себе за кратко време остава бели траги. Истото се случува и при топење на снегот на топлото сонце. Ваквата реакција слична на ефлоресценцијата на бетонот може да се дефинира како краткорочен хемиски препад на меката вода при кој калциум-хидроксидот доспева на површината каде во воздухот карбонизира со јагленород-диоксидот создавајќи калциум-карбонат кој се манифестира како бел талог.

University-Place

Сите влијанија кои пред сé се причина за доцнење на појавата на хидратација на површината го зголемуваат ефектот на ефлоресценција на бетонот. Покрај ниските температури причина за овие појави на површината на бетонот се материите од самите агрегати и оплати кои го забавуваат зацврстувањето, односно причинуваат одредено негово временско доцнење. Дополнително негативно влијание има и појавата на влага на површината на свежиот бетон (роса, слана, иње и слично). Доколку се случи вишокот на вода во составот на бетонот да испари во тек на топлото и суво време, тогаш растопениот калциум-хидроксид се задржува под оптички видливите површини на бетонот заради што и не го гледаме. Доколку пак се случи да со калциум-хидроксид заситената вода од порите на внатрешната структура на бетонот стигне на површината или ако на неа се создаде било каков воден слој (дожд, роса, кондензација заради заштитната фолија која се наоѓа над површината) и ако тогаш растопениот калциум-хидроксид дојде во контакт со таа вода, тогаш ќе настане споменатата хемиска реакција меѓу него и јагленород-диоксидот од атмосферата која ќе резултира со создавање калциум-карбонат, односно ефлоресценција на бетонот.

Темните дамки предизвикани со избивањето на водата и големите пори во бетонската структура кои како оштетувања се појавуваат веќе во текот на постапката на бетонирање можно е да се избегнат со преземање одредени превентивни мерки како што се загревањето на агрегатот и оплатите и заштитување на местото на градба од надворешните временски неприлики, посебно доколку се работи во постудените месеци од годината, односно во зима. Во рамките на можностите за користење и примена на современата бетонска технологија потребно е да се земе во оглед и изменетото однесување на бетонот во текот на обработката. Ова главно вреди за аспектот на вградување на бетонот, на пример кога е збор за интензитетот на неговото набивање. Оптичките недостатоци на површината на бетонот и неговата ефлоресценција можат да се појават независно од тоа кој вид цемент се користи бидејќи калциум-хидроксидот во бетонот што не е карбонизиран секогаш се појавува во прекумерни количини.

284749 Concrete Pour

Заради тоа свежиот бетон нужно е да се заштити од негативните влијанија на надворешните временски (не)прилики на следниве начини:

  • немалтерисаниот бетон не смее да се открива односно од неговата површина да се симнат оплатите пред или за време на силни падавини, ниту пак да се прска со вода веднаш по симнувањето на оплатите
  • свежиот бетон главно во текот на постудените месеци од годината потребно е да се заштити од временските неприлики и од контакт со вода. Една од најделотворните мерки за заштита на свежиот бетон е да се остави да стои во оплатите временски нешто подолго отколку што инаку би го оставиле
  • во тек на дополнителната обработка на вертикалните површини заштитната фолија не смее да доаѓа во контакт со површината на бетонот – потребно е меѓу фолијата и бетонот да се постават раздвојни елементи

Откако бетонот ќе формира доволно цврста и отпорна надворешна структура односно површина, опасноста од нејзино оштетување и ефлоресценција драстично се намалува. Правилното дневно планирање на работите поврзани со бетонирањето е доста важен фактор кога станува збор за зимските месеци. Така, доколку работите на бетонирањето мораат да се изведуваат во тек на зимата, тогаш најповолно и најдобро е тие да се вршат во попладневните часови кога агрегатите и арматурата сепак донекаде се загреани од сончевите зраци.

Fibres20mm-007-HiRes-600x300Темните дамки настанати со избивање на водата на површината на бетонот дополнително ги „стимулира“ долгото отворено време на зацврстување, односно времето пред формирањето на доволно цврста и отпорна површина. Овој проблем можно е да се избегне за време на ниските временски температури со употреба на постабилни мешавини, правилен избор на дневен термин за бетонирање како и со загревање на арматурата и оплатите.

Појавата на оштетување на површината и ефектот на ефлоресценција кај свежиот бетон дополнително се засилуваат од неправилната (продолжена) хидратација, слабо збиените рабни делови на бетонската површина како и прераниот контакт со вода (негативното атмосферско влијание). Овие појави не влијаат на долготрајноста, но сепак би можеле да имаат негативно влијание на квалитетот на немалтерисаниот бетон. Употребата на дрвени оплати за време на ниски температури може да ја поттикне појавата на ефлоресценција. Таа може да се спречи и после симнувањето на оплатите да се постигне задоволувачки изглед на површината на бетонот со примена на одговарачки превентивни и заштитни мерки главно насочени против негативните атмосферски влијанија и против формирањето на слој кондензирана вода на површината.

Edge of Snow

Средствата што дополнително се додаваат на бетонот со цел промена, прилагодување или одредени подобрувања на неговиот хемиски состав или физичко делување или пак и двете особини на свежиот и/или зацврстениот бетон по правило се течни или прашкасти материи. Тие пред сé влијаат и ја менуваат реакцијата на бетонот на крутост, сопственото зацврстување и отпорноста на ниски температури. Истовремено, позитивното делување на поедин додаток на една особина на бетонот може да доведе до некоја друга несакана промена. Овој факт секогаш треба да се има предвид. Претпоставката за успешна примена на адитивите во секој случај се темели на фактот дека секогаш е потребно да се земаат во обзир признатите и проверени принципи на составот на бетонот, обработката и дополнителната негова доработка. Адитивите на бетонот по правило се додаваат во многу мали количини, толку мали што со своето волуменско учество во составот на бетонот немаат никаква улога. Дозволените количини на секој различен додаток на бетонот ги пропишува производителот.