Boart Longyear

Технологијата на Sonic дупчење

Американската компанија Boart Longyear од раните 90-ти години произведува дупчалки кои користат технологија на Sonic дупчење која во однос на конвенционалните машини нуди низа компаративни предности

Во далечната 1890 година, во време на експанзија на истражувањата по природни ресурси, во Соединетите Држави, со седиште во Солт Лејк Сити, се формира компанијата Boart Longyear која почнува со производство на дупчалки. Тоа производство на дупчалкизаедно со опрема за истите, трае и до ден денес, континуирано проширувајќи се со нови технолошки решенија и нудејќи експертиза за професионалците од специјализираните дејности.

Sonic дупчалките, ако се суди според надворешниот изглед, речиси се идентични на конвенционалните дволиниски дупчалки, но суштински се разликуваат според применетата технологија.

Зошто Sonic технологија

Токму таа технологија, која Boart Longyear ја употребува веќе трета деценија, овозможува драстично да се намали ризикот од неуспешни проекти за испитување на тлото и тоа без разлика на видот на површината од чија утроба треба да се земат мостри.

Широкиот спектар на употребливост вклучува апликации од геологијата, заштитата на природата, испитувањето на водните текови, а посебно во рударството каде што со голема прецизност може да се скицира срцевината на рудните наоѓалишта.

Иако на почетокот делотворноста и ефикасноста на Sonic технологијата беше оспорувана, сепак скептицизмот брзо беше демантиран од искуствата стекнати ширум светот, а поготово на терени со меки камења каде што Sonic технологијата во однос на класичните дупчалки се покажала убедливо поефикасна.

Комапактните димезнии на Sonic дупчалките претставуваат уште една компаративна предност поради фактот што тие овозможуваат пристап и до потешки терени или покрај тесни локации за испитување. Во тој правец, моделот LS250 MiniSonic претставува вистински пример за ефикасност спакуван во компактно издание.

Како функционира Sonic системот

За време на дупчењето, резонантната енергија се пренесува низ бушотината до челото на сврделот, и тоа со различни сонични фреквенции. Истовремено сврделот ротира дистрибуирајќи ја енергијата и ротирајќи со челната површина.

Резонантната енергија се генерира во внатрешноста на соничната глава со синхронизирано ротирање на четири тега. Патентираниот систем на пневматска изолација ја спречува резонантната енергија да дифузира на патот од трансмитерот до свредлот, односно се грижи за директна трансмисија на енергијата до сврделот.

Со промена на фрекфенцијата односно кога таа ќе резонира со природниот материјал тогаш започнува дупчењето. При наидувањето на различен материјал најпрвин сондата мора да ја пронајде неговата природна резонантна фрекфенција, а потоа емитерот да ја постигне истата за да се постигне резонанција.

Потоа започнува заедничкото дејство на резонантната енергија и механичката ротација на сврделот со што се постигнува брза и ефикасна пенетрација низ материјалот. Поинаку кажано, резонантната енергија најпрвин го „дроби“ материјалот кој потоа сврделот лесно го пробива.

Овој принцип на високофреквентна резонантна енергија најдобри резултати дава при вадење на срцевина или обвивката од подземни слоеви.

Предностите на Sonic

Sonic нуди неколку компаративни предности во однос на конвенционалните технологии. Преку него се обезбедува супериорна информација за содржината на тлото со тоа што континуирано вадејќи примероци се добива прецизна слика за неговата содржина.

Системот исто така, ги редуцира абењето на свределот и останатите потрошни материјали и тоа до неверојатни, 80%. Истата констатација важи и за оддржувањето кое е олеснето за истиот тој процент.

Супериорната конструкција претставува уште една предност. Дупчењето со Sonic обезбедува заштита на избушените ѕидови што резултира со поголема ефикаснот и перформанси. Кога говориме за брзината, таа кај Sonic изнесува два до три пати поголема од класичните методи на дупчење.

Современиот мотор (Tier 4) е невероајтно тивок, констатација што може да се изрече и за останатите механички компоненти. Операторите се на дистанца од машината и добро заштитени, за разлика од класичните дупчалки каде што тие се качени на платформа.

Како за илустрација на капацитетите, моделот LS250 MiniSonic може да дупчи до длабочина од 78 метри во случај кога користи куќиште од 121 mm. Поголемиот модел, LS 600 Sonic може да оди уште подлабокко – се до 182 метри. Во примената на Sonicтехнологијата, производителот користи исклучително компоненти од сопствено производство.