Bomag

„Денови на иновациите“ 2015

► Повеќе од 700 купувачи и дилери од преку 50 земји се најдоа во седиштето на Bomag во Бопард, Германија, во седмицата помеѓу 14 и 19 септември – производителот на градежни машини ги покани своите клиенти на настанот „Денови на иновациите“, кој на гостите им понуди опширна и разновидна програма од производственото портфолио на Bomag

Фокусот на трите настани покрај бројните работилници и предавања, беше во демонстрирање на машините, како новите валјаци за земја и машините за специјална намена.

Годинешната програма на Bomag-овите денови на иновациите беше исклучителна – во периодот од шест дена компанијата понуди презентации, работилници, демонстрации на машини во живо, како и ексклузивна прилика да се погледне што се случува „позади сцената“, во самото производство на фабриката. „Восхитени сме од можноста да добиеме прилика да привлечеме толку многу посетители првенствено заинтересирани за нашата програма и оваа година – и не само за настанот во целина, туку и интерес за специфични модели“, изјави Јерг Унгер, претседателот на Bomag групацијата.

Работилници за сите аспекти од работата на градилиштата

Дводневната серија настани комбинираше демонстрации на машините, обиколка на фабриката и разни работилници. На пример, Дитер Штраусбергер, главен инженер за автопатишта и транспорт во TÜV Rheinland LGA Bautechnik GmbH, имаше практична презентација на тема „Набивање на почва: базата на секоја структура“, а професорот Алфред Улрих, кој е главен на лабораторијата за градежна машинерија при техничкиот универзитет во Келн, презентираше решенија и техники на темата „Сигурна автоматизирана изградба на патишта“ во мала група за дискусија.

Демонстрација на машини во живо

Демонстрациите на машини кои се одржаа на пригодна локација спроти главната фабрика на Bomag вклучуваа типични подрачја на примена. Беа вклучени машини од сите производни сегменти. Гребалките (фрези) за асфалт отворија со импресивна изведба: тешката BM 2000/75 фреза изгреба 35 cm асфалт, кој потоа беше поставен од Bomag финишер, пред да биде набиен со тандем валјак и гумен валјак. За потрошувачите кои првенствено употребуваат лесна опрема во својата работа имаше мноштво интересни иновации, вклучувајќи тампери (вибро-жаби) на бензин или гас, повеќенаменски компактори и вибрациони плочи. Гледачите беа особено импресионирани од демонстрацијата на кршење на камења со користење на валјаци со специјални барабани за кршење на камења. Како и да е, главниот фокус беше очигледно на новата генерација на валјаци за земја во категоријата од 11-26 тони. Овие валјаци за земја кои се еден од главните производни сегменти за Bomag, сега се достапни и во категоријата од 12 тони. Степенот на искачување на машините беше исто така демонстриран во живо и, поради влажното време, во тешки услови на теренот.

На крајот на демонстрацијата на машините, адреналинот го зголемија мотокрос возачи скокајќи преку поставени препреки во пар, а претходно компакторот за депонии/почва ја демонстрираше својата огромна сила со претворање на автомобил во компактен куп метал. По презентацијата, посетителите имаа можност детално да ги разгледаат машините и да ги возат. „Многу сме среќни што годинешниот настан беше уште еден успех кој го искусивме со нашите потрошувачи. Општата атмосфера беше континуирана возбуда и покрај лошото време. Ги прикажавме нашите машини на начин на кој што се користат во пракса и однапред се радуваме на следните денови на иновациите за две години“, заврши Јонатан Стрингам, главен за маркетинг во Bomag.