Bruder EXP-6

За самоизолацијата да помине полесно

► Bruder EXP-6 е совршена камп приколка за екстремно социјално дистанцирање

Живееме во времиња кога активноста мора да ни биде сведена меѓу четири ѕида, што на сите нам тешко ни паѓа. Највеќе на љубителите на природата, кои најмногу ги чувствуваат ограничувањата што ни ги воведе ситуацијата. Компанијата Bruder од Бризбејн има решение и за нив, идеално за екстремно социјално дистанцирање. Се работи за камп приколка, но не било каква – видеото најдобро ќе покаже за што е наменета и со што е опремена. Доколку некој се заинтересира, австралиската компанија има претставништво и во Холандија, но внимавајте – цената е шестцифрена.