Carlex EXY 6×6

И Дедо Мраз би го посакал…

Да има кој да му донесе подарок, Дедо Мраз сигурно би посакал вакво нешто…

А кој не би?! Но за жал никој нема да го добие, барем не сé уште. Технички детали за него нема, бидејќи нема ни возило – овој дизајн концепт на теренската X-класа на Mercedes постои само во компјутерите на полското студио Carlex. Но да го има, под неговата хауба ќе се најде барем трилитарскиот V6 дизел со сериските 258 KS и 550 Nm, ако не и нешто повеќе бидејќи треба доста сила шесте огромни тркала да се вртат како што треба. Но и без тоа ѕверкава ќе ја сврте сечија глава. Аеродинамичниот пакет од јагленородни влакна, дотераната маска, модификуваното ослонување, поклопецот за товарниот простор, вителот, светлата на кровот – со еден збор сé на него ќе ја сврти паметта на тој што гледа. Слика од внатрешноста нема, но сигурно е еднакво впечатлива.

За овој полски тјунер ретко кој беше слушнал. Сега сите знаат за нив и сигурно ќе се најде некој со екстравагантен дух и доволно пари за да исфинансира изработка на едно вакво возило.