Case 580 EV

Прв во светот

► Case претстави електричен натоварувач

Сé уште нарекуван како концептен модел, Case 580 EV е прв во светот целосно електричен багер-натоварувач. Произлезен е од проектот Zeus и ги има истата моќност и капацитети како и натоварувач со дизел мотор, со таа разлика што има нула емисии на штетни гасови и значително помали трошоци за одржување. Две машини се веќе продадени на американски фирми, специјализирани за поставување подземна инфраструктура. Засега е планирано да се продава само на северноамериканските пазари. „Уште од првиот натоварувач од 1957 година, Case остана на врвот на иновациите“, изјави Леандро Лекета, продукт-менаџерот на Case за градежна механизација во Северна Америка. „Моделот 580 EV не само што ја продолжува таа еволуција, туку и претставува значителен чекор напред. Со оваа машина ние ги претставивме способностите на електричната технологија во оваа класа“, додаде тој.

Моделот 580 EV е опремен со пакет литиум-јонски батерии од 480 волти и 90 kWh, кои можат да се полнат на секој трифазен приклучок од 220 V, обезбедувајќи околу осум часа работа во зависност од оптовареноста. Батериите посебно ги задвижуваат погонските и електромоторите на хидрауликата, која обезбедува еднаква сила како и кај дизел машините. Се очекува Case 580 EV да ги намали годишните трошоци на своите сопственици за одржување и експлоатација до 90% – не само што не троши скап дизел туку евтина електрична струја, нему требаат ниту моторно масло, AdBlue адитив, замена на филтри… Работењето со него е идентично како и кај секој друг натоварувач, со таа разлика што вртежниот момент на електромоторите е достапен во целиот режим на работа.