Автоматика за издржливиот булдожер
Глобално докажаниот булдожер Cat D6T доби автоматска трансмисија и серија подобрувања
Од компанијата велат дека целосно автоматската трансмисија не само што го прави овој средно голем булдожер полесен за ракување, туку и штеди гориво. Бројките што ги споменуваат се движат меѓу 20% во тешка работа и 30% во полесни услови за работење. Четиристепената трансмисијата е спарена со Tier 4 Final Cat C9.3 ACERT моторот со 215 KS нето. Машината има оперативна тежина меѓу 21,7 и 24,7 тони и плуг со зафатнина од 3,8 до 5,6 кубни метри.