CAT D9T

Американски сумо борач

► Големиот булдожер на Caterpillar првенствено е наменет за извршување на тешки физички задачи. Тој најдобро се снаоѓа во областите на тешката индустрија, отворените рударски копови, каменоломи и депонии. Со силно изразени физички способности тој е оспособен за големи поместувања на материјал

Изгледот воопшто не лаже. CAT D9T е 50-тонска грдосија која сака да совладува терени и да поместува материјал. Тие способности се наследени од моделот CAT X9 претставен во далечната 1954 година. Од тогаш започнува и успешното совладување на работните задачи а воедно и успешниот настап во над 200 земји од светот.

Во подоцнежните изведби се мануваат буквите во името со што производителот го бележи развојот на моделот и вградувањето поснажни мотори, но во суштина концепцијата на булдожерот останува непроменета. Актуелната генерација ја носи ознаката D9T што би значело вградување на најнова генерација CAT C18 ACERT мотор со 325 kW (442 КС).

Работни услови

Успешната работна операција започнува со задоволен оператор. Раководејќи се според ова правило експертите на Caterillar посебно внимание посветуваат на работното место и условите во кои треба да работи операторот. Секако, овие универзални брендовски вредности се вградени и во моделот D9T.

C10389527Иако погледот однадвор со ништо не наговестува, внатрешноста е изработена од исклучително квалитетни материјали при што е водено сметка дури и за најситните детали. Се чини дека единствен проблем на операторот ќе биде влегувањето во неговото работно место. Потоа тој ќе може автоматски да ја регулира температурата и од пријатно изолираната кабина да управува со големата машина.

Притоа за целосна контрола на параметрите ќе се грижи мониторот на кој ќе може да се отчитат сите релевантни податоци.

Многу железо

Рековме, однадвор булдожерот изгледа како едно големо железно брдо. И функционално, секако. Конструкцијата тешка речиси 50 тона е во класична (трактор) формација. Триаглест пренос на гасениците, моќно сечило пред големиот нос под кој е сместен моторот, и зад него кабината на операторот. Во задниот дел е вграден моќен рипер (распарувач), и тука некаде завршува описот на надворешната конструкција.

Оперативната тешина на машината изнесува точно 48.361 kg  а натоварната тежина 36.316 kg. Една од причините за големата оперативна тежина е темелно изведената заштита на сите компоненти од механички оштетувања. Кога сѐ ќе се собере на едно место, ете доволно причини зошто машината изгледа толку импресивно.

Модуларна конструкција

Носечката структура на CAT D9T е изработена од исклучително цврст челик и притоа е одлично заштитена од хемиски влијанија, а самата конструкцијата на машината е изработена модуларно. Тоа значи дека одредена компонента може да биде лесно заменета или репарирана и машината повторно да продолжи да работи со максимално оптеретување. Искуствата говорат дека оваа серија на булдожери често знае да ја надмине бројката од 100 илјада работни часови, па со самото тоа и модуларната конструкција добива на практичност. Едноставно се менува делот и бројачот на работни часови се ресетира на нула.

C10389266

Малку бројки

За да се стекне вистинска претстава за капацитетите на оваа машина, ќе се послужиме само со неколку факти. Моторот има работен волумен од 18.1 литри; Капацитетот на резервоарот за гориво изнесува 810 литри; Менувачот има три степени за возење напред (Vmax=11.7 km/h) и три степени за возење наназад (Vmax=14.3 km/h); Хидрауличните пумпи, максимално оптеретени, истиснуваат 613 литри во минута; Клиренсот на булдожерот изнесува 59.6 cm; Контактната површина на гасениците со тлото е 4.24 m2.

Заклучок

Во описот на булоджерот CAT D9T можеме само да констатираме: оваа машина сака да поместува материјал. Тоа го прави долго и упорно, се додека не се заврши задачата. Потоа се одново, и одново!