Високата технологија во функција на поголема ефикасност
► Cat Grade-технологија е подготвена за вградување од најмалиот па се до гигантските булдожери на Caterpillar и тоа само со една задача: зголемување на продуктивноста и помош на бизнисот да создава поголем профит
Caterpillar е првиот светски производител кој им нуди на клиентите широк пакет на Cat Connect технологии во линијата на производство на булдожери, почнувајќи од едноставни индикатори за кабинскиот екран па се до целосни GPS системи за комплексни планови за дизајнирање.
Паметно и едноставно
Функциите на Cat Grade се едноставни за употреба и интегрирани во машините уште во фабрика без притоа да има потреба од додатен софтвер или хардвер. На искусните оператори овозможено им е попродуктивна работа додека помалку искусните можат да постигнат поквалитетни резултати за пократко време, во широк спектар на апликации.
- Cat Slope Assist – помага на операторот автоматски да го постигне зададениот агол на нагиб, на секачот на булдожерот. Овој систем овозможува за 39% поголема брзина, со над 68% поквалитетно обработена површина и со 82% помал напор на операторот. (Опциски се нуди за моделите: D4K2 и D5K2. Стандаден е за D6K2, D6N и D6T)
- Cat Stable Blade – го следи движењето на секачот и автоматски го подигнува и спушта, во соработка со операторот, за да се постигне побрзо и поглатко нивелирање, со помалку вложен напор. (Стандарден за D4K2-D6K2, D6N, D6T и D7E)
- Cat Slope Indicate – во реално време го прикажува попречниот нагиб и ориентацијата на погонот, олеснувајќи ја задачата на операторот за поставување на машината во посакуваниот нагиб и постигнување на бараниот агол при секое поминување. (Стандарден за D4K2-D6K2, D6N, D6T, D7E, D8T, D9T, D10T и D11T)
Скалесто зголемување на продуктивноста
Кoга се говори за покомплексни дизајнерски планови, Cat булдожерите можат опциски да бидат опрмени со Grade-технологијата која му овозможува на корисникот скалесто да бира помеѓу работните потреби и буџетот. При комбинирање на дигиталните податоци за дизанирање, кабинското раководење, и автоматската контрола на секачот, операторите од било кое ниво на искуство, можат да очекуваат зголемена прецизност, редуцирано повторување на дејството и пониски работни трошоци, без разлика дали се работи за погруби работи или пак за завршна обработка на теренот.
- Cat Grade Control 3D – тоа е интегрален контролен систем кој му овозможува на операторот зголемување на ефикасноста, ажурноста и продуктивноста како при распределбата така и при фината обработка на површините. Интегрираната антена поставена на кровот од булдожерот ја елиминира потребата од класичниот предавател поставен на секачот како и каблите преку кои е поврзан. Cat AutoCarr системот како и AccuGrad Ready Option се вклучени во истиот пакет со единствена цел: зголемување на продуктивноста и разноврзноста. (Опциски во D4K2-D6K2, D6N, D6T, D8T и D9T)
- Cat AccuGrade представува систем кој се вградува постпродажно во дилерската мрежа. Овозможува зголемена и разновидна обработка како и можност за скалеста примена при променливи потреби, обезбедувајќи избор на ласер за 2D – рамни и нагибни површини, потоа Global Navigation Satellite System (GNSS) систем за контрола на сложени 3D засеци и контури, и/или Universal Totl Station (UTS) системи за фина и завршна обработка. (Опциски за D4K2-D6K2, D6N, D6T, D7E, D8T, D9T и D10T)
- AccuGrade Ready Option – овозможува полесно инсталирање или надоградба на CatAccuGrade 2D и 3D Grade – контролните системи, со помош на кои се обезбедува додатна разноврсност и зголемување на вредноста на машината при препродажба. (Опциски за D4K2-D6K2, D6N, D6T, D7E, D8T и D9T)