Caterpillar на DDR Expo 2017

Нови машини за рушење

Caterpillar ќе покаже нови машини за рушење на претстојниот DDR Expo 2017

На специјализираниот саем DDR Expo (Demolition, Decontamination and Recycling) што го организира EDA (European demolition association), CAT ќе претстави две специјализирани машини – багерот за рушење на високи згради и објекти 340F UHD и машината за манипулација со материјалите MH3024. Посетителите на DDR Expo ќе можат да ја видат и широката гама на Caterpillar на опрема и хидраулични додатоци за рушење – чекани, ножички и слично. Новиот багер за рушење има работна височина од 22 метри и може да манипулира со алат до 3,6 тони на радиус од 14 метри. Оперативната тежина на машината е во дијапазон од 44,1-50,4 тони во зависност од подножјето и конфигурацијата на стрелата. Карактеристика му е и новиот систем за брза замена на стрелата со кој полесно се конфигурира според зададената задача.

Овој специјализиран саем се одржува од 14 до 16 јуни во Брисел, Белгија.

CAT MH3024