Caterpillar PL 87

Специјалист за поставување цевки

Обновената серија на поставувачи на цевки Caterpillar PL 83/ PL 87 претставува одлична опција за изведувачите на големите енергетски токови кои треба да ги поврзат Русија и бившите руски републики со европскиот пазар а ќе поминуваат во непосредна близина на нашата земја

Изградбата на големите токови за пренос на течни и енергенси во гасна состојба игра голема стратешка улога при континуираната дистрибуција од изворот до крајните потрошувачи. При нивна изградба, во принцип секогаш се бира најефикасната рута односно тој пат што обезбедува најдобар количник помеѓу најкраткиот и најлесниот пат.

C10430833

Во практика најчест случај e рутата на големите цевководи да се протега по најкраткиот пат, што пак значи дека копањето на каналите и поставувањето на цевките се изведува низ најразличен терен.

Токму при тие задачи непроцонлива е ефикасноста и доверливоста на употребената механизација. Во секцијата за поставувачи на цевки Catepillar има свој истакнат претставник, моделот PL 87.

Тежина и контратегови

Кога една машина има оперативна тежина од над 55 t (55.246 kg) и уште притоа може да подигне товар од над 41 t, очекувано е да има пристојна бројка од коњски сили која ќе биде способна да излезе на крај со тие предизвици.

Кај PL 87 таа задача ја презема современ дизел со 15.2 литри волумен кој во зависност од пазарот може да развие максимална силина од 350 КС. Веднаш да кажеме дека таа расна коњица се користи за придвижување на неколку независни хидраулични системи. Пред се тука се мисли на движењето, работната рака, макарата, контратеговите. Со тоа се постигнува рамномерна работа независно од моменталната оптеретеност на некој од системите.

Print

Говорејќи за движењето на положувачот на цевки, само да напоменеме дека основната конфигурација се состои од екстремно цврста носечка структура која е поставена на гасеници а работната рака и макарата се поставени странично. За да се задржи статичката стабилност од спротивната страна на машината е поставен хидраулично померуван контратег кој може да биде оптеретен спрема очекуваната тежина на подигнуваниот товар. Освен како балансирачка тежина контратегот го спушта и тежиштето на машината со што се добива на стабилност. Истата улога ја има и системот кој овозможува прилагодување на гасениците спрема аголот на теренот со што се обезбедува максимална газна површина.

При движење PL 87 користи менувач со по три степени за движење напред и назад. Управувањето е диференцијално со можност за сопирање на секоја страна да се користи по една посебна педала со што пак се добива на ефикасно вртење при лизгави подлоги.

Пилотска кабина

Работното место на операторот е во целосна спротивност со дивата природа низ која обично функционира поставувачот на цевки. Седиштето освен што може да се прилагодува во сите правци, може и да се загрева и вентилира. Наслонот за раце исто така може да се прилагоди а пријатната микро клима е обезбедена преку двојно филтирање на воздухот.

C10503032

Палките за контрола на работната рака и макарата се исклучително едноставни за ракување а заедно со големите стаклени отвори обезбедуваат одлична видливост врз состојбата на товарот. На големиот екран може да се отчитаат сите работни параметри, со можност за самодијагностика во случај на евентуалена грешка и со можност за регулирање на управувањето спрема личните преференции на операторот.

Интересно е да се спомене можноста само со едно притискање на прекинувач да се ослободи товарот од макарата. Се рабира тука станува збор само за итна потреба кога нешто ќе тргне наопаку.

Модуларни компоненти

За лаиците сервисирањето и одржувањето на машини со вакви димензии претставува голема непознаница. Но за специјалистите од Caterpillar тоа претставува обична рутина. Започнувајќи од секојдневните контроли па преку редовното сервисирање се до модуларноста на механичките компоненти. Додека сите овие операции можат да се вршат од висина на тлото и се крајно едноставни поради групираните контролни точки, внимание привлекува моментот кој говори дека моторот, трансмисијата и финалниот погон со гасеници, се модуларни и може многу едноставно да им се отстранат или додадат одредени компоненти.

c696467

За стекнување на вистинска претстава за димензиите на поставувачот на цевки, Caterpillar PL 87 би додале само неколку параметри: вкупната работна должина на машината изнесува 545 cm, максималната височина на работната рака е 925 cm, газиштето на гасениците 386 cm, додека најниската точка од тлото е подигната за 45 cm.

Сепак, поставувачот на цевки Caterpillar PL 87 воглавно импресионира со неговата економична и долготрајна употребливост. Ефикасноста при работа и одржувањето се стандардни вредности според кои е познат американскиот производител.