Culdesec Tempe

Прва населба без автомобили

► Населба без паркинг места, куќи без гаражи и апсолутна тишина за некои се сон, а за некои ноќна мора, но што и да е, под слоганот „1.000 жители, 0 автомобили“ се остварува

Со поставувањето на камен-темелникот, во местото Теме, Аризона, започна изградбата на населба која нејзините креатори ја нарекуваат прва „car-free“ во Америка. Според планот на проектот во неа ќе може да живеат околу илјада луѓе и таа ќе нема ниту едно паркинг место бидејќи е предвидено жителите на оваа населба да не поседуваат свои автомобили. Возила сепак ќе има, но само во облик на car-sharing и шатл-превоз, а со текот на времето по улиците на оваа населба ќе се движат исклучиво автономни возила. Посетителите своите автомобили ќе мора да ги остават на посебни паркиралишта пред влезот во зоната на населбата. Во секој случај, се очекува животот во неа да биде значително поугоден, бидејќи многу помалку површини ќе бидат прекриени со асфалт.

Автори на проектот е студиото Culdesec Tempe, а инвестицијата е вредна околу 140 милиони долари. Населбата своите први станари ќе ги прими наесен идната година.