Cummins Aeos

Ова е првиот електричен влекач

Додека светот чека на камионот на Tesla, Cummins го претстави првиот електричен влекач

Наречен е Aeos и енергијата ја чува во батериски блок со капацитет од 140 kWh, кој му овозможува автономија од едвај 160 km. Сепак најинтересното е тоа што за полнење е потребен само 1 час, време кое од Cummins ветуваат дека до крајот на оваа деценија ќе го скратат на само 20 минути. Сепак најавено е дека во понуда ќе биде и со дополнителна батерија која ќе овозможи автономија од 480 km. Засега е подготвен само влекач со дневна кабина, но плановите се далеку поамбициозни. Производството ќе му започне во 2019 година, а цената е непозната.

AEOS-Cummins-4[1]