DAF

Пронајден најстариот камион кој сé уште функционира

Како дел од одбележувањето на 90-годишнината од постоењето, во DAF одлучија да го побараат најстариот камион од оваа марка кој сé уште е во секојдневна употреба

После објавувањето на оваа намера започнаа да пристигнуваат бројни пријави од секаде, но случајот сакаше најстариот камион да биде пронајден во местото Бакел недалеку од фабриката на DAF во Ајндховен. Тоа е моделот А1600 од 1968 година чии сопственици, таткото и синот Фриц и Ники Хефнагелс имаат дури четири камиони од оваа марка во совршена состојба – покрај најстариот имаат уште два такви, еден година а друг три години понов, како и DAF A2800 од 1975 година. Тие се сопственици на луна-парк кој секоја година го транспортираат ширум Холандија. Камионите ги возат за време на пролетта, летото и есента, додека во зима тие се во гаража каде редовно се одржуваат за секогаш кога ќе се најдат на пат да изгледаат како нови. Затоа и за најстариот DAF кој сé уште функционира Фриц Хефнагелс ќе каже дека е далеку од пензија иако има 50 години.