Donaldson сепаратори за одвојување на вода од гориво

Сé што треба, но само кога треба

Ваквото наше сфаќање кога одржувањето на машините е во прашање е сосема во ред да не е еден „мал“ проблем – што кога навистина треба, се дознава кога веќе е доцна

Водата е непријател на дизел моторите. Ако влезе во цилиндрите може да доведе до тешки хаварии, во некои случаи дури и неисплатливи за поправка. Јасно, ова се случува само кога водата директно ќе навлезе во системот за вбризгување на моторот низ доводот на воздух, но сепак таа е штетна и кога ја има во горивото. А тоа, едноставно, е неизбежно – во резервоарите секогаш има малку вода и тоа е нормално. Таа не се меша со горивото и се собира на дното на резервоарот, каде останува сé додека на некој начин не се испушти. Тоа пак ретко кога е можно, а и таму каде е, не се прави кога треба затоа што во затворен резервоар никој не знае колку вода може да има. Така, повторно доаѓаме до она дека што кога навистина треба, се дознава кога веќе е доцна.

Затоа постојат сепараторите за одвојување на вода од горивата, кои го штитат моторот од штетата што таа може да ја предизвика. Се инсталираат на водовите на горивото меѓу резервоарот и главниот филтер за гориво на моторот, пред горивото воопшто да стигне до него. На тој начин се обезбедува моторот секогаш да добива гориво безбедно за конзумирање. Колку безбедно, зависи од квалитетот на употребениот систем за филтрирање, бидејќи водата никогаш не е чиста, туку во себе содржи растворени и нерастворени контаминати. Donaldson како технолошки лидер во производството на системи за филтрацијата го има вистинското решение – неговиот Fuel Manager систем е дизајниран ефикасно да ги отстранува и водата од горивото, и нечистотиите во неа, без да се попречи протокот на гориво. Ги комбинира традиционалните сепаратори за вода и филтри во една единица, а иновативните материјали за филтрирање и изборот на дополнителни модуларни компоненти обезбедуваат максимален животен век и перформанси на моторот. Со тоа се гарантира висок степен на филтрацијата на горивото кој денешните генерации на системи за вбризгување го бараат, но и исклучително висока ефикасност, флексибилност и лесна употребливост без ризик од истекување на горивото или загадување на околината на друг начин.

Donaldson Fuel Manager системот е применлив кај голем број дизел мотори – за камиони, автобуси, работни машини, чамци, генератори и друго, практично со секаква силина заради големата обезбедена проточност. Филтрирањето е доверено на специјално развиен хидрофобен материјал. Монтирањето е едноставно и флексибилно – на шасијата, моторот или помошна рамка. Функционира во секаков температурен дијапазон – конкретно од -40 до +120 °C и е способен да запре честички од типично 2, 5 и 30 микрони и да постигне степен на одвојување на водата поголем од 95%. Влошката се менува едноставно, без специјализиран алат, а опционалните модуларни компоненти овозможуваат лесно конфигурирање на системот за задоволување на секои специфични потреби. Цврстото куќиште го штити од оштетувања и надворешни влијанија, а непосредната визуелна проверка на нивото на вода и остатоци во садот за собирање на водата е лесен. Може да биде опремен со сензор за вода во горивото од 12 или 24 волти, да биде поврзан со систем за далечинско предупредување за состојбата на филтерот кој праќа сигнали на електронскиот модул кога водата треба да се исцеди, потоа со пумпа за друкање на горивото, грејач кој ја спречува парафинизацијата на горивото на студено време, интегриран термички прекинувач… Како круна на сé, целиот систем е конструиран така да разните модули можат да се додаваат или демонтираат без раздвојување на водовите за гориво.

Сето ова покажува со колкава сериозност Donaldson се има зафатено во решавањето на горливиот проблем на дизел моторите – водата во горивото. Кој имал проблеми со тоа, најдобро знае што значи.