Donaldson филтри и индикатори

Колку вреди квалитетниот сон?

Исто како што човек не може да функционира без сон, така и моторите не можат без филтри кои квалитетно си ја вршат работата

Сите добро знаеме колку вреди квалитетниот сон – ненаспан човек не го бидува за ништо. Исто така добро го знаеме значењето на филтрите за исправна работа на моторот. Затоа и ги менуваме точно онака како што производителот специфицирал. Но не е исто едно возило или машина да работи на пример во Виена или пак во Куала Лумпур. А и во двата случаи филтрите се менуваат на ист период. Поинаку и не може да биде, бидејќи со нечист филтер не само што се намалуваат перформансите на моторот, туку се ризикуваат и сериозни оштетувања, бидејќи ниту секојдневното чистење на филтрите не гарантира дека тие ќе си ја заврат работата. И затоа (пре)често сосема функционални филтри фрламе во ѓубре, не оптоварувајќи се со тоа дали тие можат уште да си ја вршат функцијата. Тоа е цената што треба да се плати за мирен сон на оној што е задолжен за одржување на моторите на возилата и машините. Така се правело и се прави дури и во денешно време каде секое заштедено евро ја прави разликата меѓу профитабилноста и загубата. Посебно за големите компании со огромен возен парк. Замислете само колку пари за филтри непотребно дава едно претпријатие за градски превоз, некоја голема градежна оператива или пак компанија од рударскиот сектор…

Donaldson-Blue-Air-and-Liquid-Filters

Но не мора така да биде и во иднина. Donaldson како водечки светски производител на системи и резервни делови за филтрација и технолошки ориентирана компанија посветена на задоволување на потребите на клиентите преку иновативни решенија, има развиено цели системи индикатори кои прецизно го покажуваат преостанатиот капацитет на филтрите и го максимизираат нивниот животен век. Се монтираат на инсталацијата на самиот филтер, но за полесно нивно отчитување можат да бидат и релоцирани и сместени на попристапно место. Технички можат да бидат изведени на повеќе начини, но бидејќи нивната намена е да го поедностават одржувањето ние нема многу да ве заморуваме со техничките детали – сé што треба да се знае е дека нивното користење е целосно интуитивно. На пример Mini-informer индикаторот кој е наменет за лесни и средни камиони и е направен така да се монтира на пластичниот дел од филтерот. Едноставен, издржлив и лесен е за читање – преку јасно согледливо прозорче зеленото знаменце покажува кога филтерот за воздух сé уште е во рамките на дозволениот сервисен интервал. Кога тој ќе се надмине, се појавува портокалово знаменце. Или пак ServiSignal мини-индикаторот кој е толку мал што може да се вклопи секаде, но сепак да остане доволно видлив. Покажува интензивно светло црвено знаменце кога ќе се достигнат лимитираните вредности. Посложените индикатори пак се електрични и освен што нумерички го покажуваат измереното ниво, можат да предупредат и преку светлосни или звучни сигнализатори или измерените податоци директно да ги испратат до компјутерот што ја надгледува работата на моторот. Сите индикатори имаат можност за ресетирање после извршеното сервисирање на филтерот за воздух.

filterserviceindicators_10088445Во поглед на животниот век на филтрите, на почетокот на текстот наведовме дека не е сеедно каде и во какви услови за работа се врши експлоатацијата на возилото, односно машината. Таму каде тие се потешки и посурови, за да се обезбеди нејзина подобра заштита се користат секундарни филтри за воздух. Замислени се не само за дополнителна заштита, туку и како безбедносен елемент кој врши дополнително филтрирање на веќе прочистениот воздух, отстранувајќи ги честичките што главниот елемент не може. За тоа е задолжена нанофибер технологијата со која се направени, што овозможува запирање на честички со субмикронска големина. Постојат повеќе типови филтри за дополнително филтрирање, кои се користат во зависност од изведбата на главниот елемент.

Поентата на целата оваа приказна е дека со своето искуство и напори вложени во истражувањата нови решенија, Donaldson не само што се грижи за вашиот мотор, туку за вашиот сон.

cq5dam.web.1280.1280.jpeg.thumb.img.870x230