За чисти „бели дробови“
Donaldson е водечки светски производител на системи и резервни делови за филтрација
Основан пред цел еден век, Donaldson е технолошки ориентирана компанија посветена на задоволување на потребите на клиентите преку иновативни решенија и постојан развој. Нејзините производи присутни во многу стопански гранки посебно се ценети за работа во најтешки услови. Причината е ориентацијата кон навремено откривање и отстранување на евентуалните недостатоци на целиот систем произлезени од секојдневната експлоатација, тогаш кога редовното одржување не е доволно за максимум перформанси. За тоа Donaldson има цела серија решенија, додатоци, индикатори и мерачи – ова е само дел од програмата.
Сервисните индикаторите на филтрите го максимизираат нивниот животен век. Типично се монтираат на излезната цевка за воздух и на влезниот канал, но и можат да бидат и релоцирани за полесен пристап. Замената на филтрите врз основа на отчитаните податоци од мерачите може значително да ги намали трошоците за одржување. Визуелната инспекција на филтрите за воздух не секогаш е соодветна и доволна и не треба да го диктира векот на нивното траење – често се случува филтрите кои изгледаат многу валкани всушност уште многу да можат да си ја вршат работата. Од друга страна, пак, интензивниот ангажман на филтрите може да резултира со сериозни последици – штета по самиот филтер, несоодветна инсталација, контаминација од околната прашина и/или зголемување на цената на услугата во однос на времето за одржување и искористениот потрошен материјал. Спротивно на тоа, сервисирањето на филтрите врз основа на отчитаните податоци може да овозможи да се добие што е можно подолг работен век без ризици по максимално добрата обезбедена заштита на моторот.
Ограничувачки отчитувања, каде и кога
Ограничувачките отчитувања вообичаено се применуваат на чистиот воздух на чистата страна на филтерот. Ако протокот на чистиот воздух не е ограничен, отчитувањата може да се земат било каде во системот меѓу филтерот и моторот. За да исправно се отчитаат параметрите кај атмосферски дизел мотор, тоа е потребно да се направи при целосно регулирана работа без оптоварување. За турбо моторите, пак, се користат два метода. Првиот е да се отчитаат вредностите на динамометар под полно оптоварување. Овој резултат дава попрецизни вредности, но сепак попрактичен е вториот метод со мерач за предпозиционирани резултати. Тој ќе даде и пореални вредности, поблиски до оние во експлоатацијата.
Избор на начинот на мерење кој најдобро одговара на вашите апликации
Donaldson нуди широк избор мерни уреди кои помагаат да се добие максимална искористеност на филтрите. Сите се отпорни на вибрации, кинење, временски услови, корозија, како и прашина и нечистотија, за да се обезбедат релевантни мерни отчитувања. Индикаторите за сервисирање на филтрите се најефикасни кога се монтирани на излезната цевка на филтерот за воздух, како што е случајот со уредот Informer. Тоа му овозможува на операторот постојано и прецизно следење на трајноста на филтерот. Континуираното отчитување на овие податоци ќе покаже колку уште животен век му преостанува. Кај тешките возила се користи оди/не-оди ServiSignal мерачот, како и SafetySignal за сигурносните филтри. Во поглед на измерените вредности, секој од производителите препорачува сопствени максимални ограничувања, односно дозволени граници во кои можат да се движат отчитаните вредности. Ако максималната граница за моторот што го користите е непозната, контактирајте со неговиот производител. Како алтернатива можат да се користат општоприфатените максимално измерени нивоа на неактивни и неоптоварени атмосферски и компресорски натполнети дизел мотори. Турбодизел, бензинските и моторите напојувани со карбуратор се мерат при полно оптоварување. Да разгледаме некои од конкретните решенијана на Donaldson.
Informer индикаторот служи за постојани отчитувања на параметрите на работа. Се монтира на филтерот за воздух или инструмент табла и обезбедува континуирано отчитување без разлика дали моторот работи или не. Има и копче за ресетирање, а комплетот вклучува целосни инструкции за инсталација и безбедносен механизам. Mini-lnformer e наменет за лесни и средни камиони и е направен така да се монтира на пластичниот дел од филтерот на возилата. Тој е едноставен, издржлив и лесен за читање индикатор, помал од оригиналниот Informer. Преку јасно согледливо прозорче зеленото знаменце покажува кога филтерот за воздух сé уште е во рамките на дозволениот сервисен интервал. Кога тој ќе се надмине, се појавува портокалово знаменце. ServiSignal мини-индикаторот е доволно мал (околу 4 сантиметри) да се вклопи секаде, но сепак да остане доволно видлив. Покажува интензивно светло црвено знаменце кога ќе се достигнат лимитираните вредности. Може рачно да се ресетира со помош на копчето после извршеното сервисирање на филтерот за воздух. Комплетот вклучува навоен дел од месинг за монтирање на филтерот, а возможна е и релоцирана монтажа за далечинско отчитување.
Visual Restriction Indicator e стандардниот мерач на Donaldson кој може да се монтира директно на филтерот за воздух, на инструмент таблата или на контролниот панел, во зависност од апликацијата. Кога ќе се достигне определената вредност и е потребно сервисирање на филтерот, тој покажува видливи светло-црвени ознаки за тоа. После сервисирањето се ресетира со гуменото копче на врвот. Електричните индикатори кои се поврзуваат со светлосни или звучни сигнализатори директно или преку компјутерот се наменети за различна примена во температурен распон од -40 °С +100 °C. Кога ќе се достигне критичното ниво, електричниот сигнал испратен од нив активира светлосно или звучно предупредување. Овој индикатор автоматски се ресетира по сервисирањето. Може да работи на инсталации од 12 или 24 волти, со максимално оптоварување од 6 вати светлосен или звучен сигнал, а има контакти кои се без поларитет.
SafetySignal Wing Nut индикаторот за сигурносни филтри е наменет за константно следење на протокот на воздух. Кога е потребно сервисирање, тој свети црвено. Не бара посебна опрема или адаптери, а е конструиран да трае повеќе од примарниот филтер. SafetySignal Wing Nut индикаторот помага во заштедата на време и пари преку елиминирањето на непотребни односно предвремени замени и сервисирања на филтрите. Мерачот за инструмент таблата постојано ги отчитува вредностите кога моторот работи. Може да се постави секаде каде што операторот може лесно да го види. Комплетот вклучува навртки, држач за монтажа и инструкции за инсталација. Сервисниот мерач е опремен со долго вакуум црево за тестирање на филтерот за воздух. Лесно се пакува за складирање. Манометар-китот за вода е комплетен прибор на Donaldson со магнетни држачи со кои лесно се прицврстува било каде на површината на возилото што се контролира. Располага со специјален вентил кој ја елиминира потребата да се празни од вода после употребата.
И покрај обемноста на опишаното, тоа не е сé што Donaldson нуди. Не ни може, бидејќи како компанија која е технолошки ориентирана кон задоволување на потребите на клиентите преку иновативни решенија, постојано развива нови производи.