Југословенска автобуска икона
TAZ (Tvornica Autobusa Zagreb) е формирана во 1930 и постои сé до 2000-та година. Во богатата историја на производство на автобуси моделот Dubrava 14 зазема почесно место
Фабриката за автобуси од Загреб, формирана во Кралството СХС, се распаѓа за време на самостојната хрватска држава. Во меѓувреме успешно функционира во рамки на СФРЈ остварувајќи забележителни резултати и надвор од федерацијата. Во продолжение ќе направиме историски осврт на турбулентните години пред и за време на распадот на Југославија кои драматично се одразија врз иднината на тогашниот технолошки гигант.
1988 година – за да бидат возени во Финска направени се некои измени со цел автобусот да може да ја поднесе ниската температура. Највпечатлива промена претставува четириаголните место округлите светла. Најпопуларен модел во Финска беше FAP Dubrava D-1428-V-T-R15. Се прави прототип на кратка Dubrava 14 (FAP Dubrava D-1417-T-R9 и FAP Dubrava D-1417-S-T-R9), но не се реализираше сериското производство, пред сé заради тоа што немаше капацитети во TAZ. Dubrava 14 се нуди и со DB OM 442 мотор со 290 KS.
1989 година – Во Велика Британија Dubrava14 има повеќе купувачи од Mercedes 0303 што многу зборува за изграденото реноме на загрепската фабрика. За добриот квалитет потврда стигнува и од Neoplan кој прави договор со TAZ на Dubrava 14 да се променат предниот и задниот крај (да се преземат линиите од моделот Neoplan Jetliner) и да се вградат Neoplan-ови оски. Таа Dubrava 14 со наброените измени би се продавала во Германија со име Neoplan Transliner. Направени се два прототипа и после успешното тестирање направен е договор за испорака на 98 автобуси на Neoplan Transliner во Германија во текот на 1990 година со намера во следните години производството во зависност од побарувачката да биде помеѓу 200 и 300 парчиња годишно. Да споменеме дека врз основа на ова договорено е каросерирање на некои Neoplan автобуси (интерна ознака Dubrava 61).
1990 година – Освен споменатите Dubrava 14 кои ќе го носат знакот Neoplan Transliner (направени се 16) до јули е договорена испорака на 78 автобуси Dubrava 14 и тоа освен во Југославија уште и во Велика Британија, Финска и Египет. ТАМ кој личи на Dubrava 14 во истиот период е договорен со 11 примероци за Египет. Од сето ова не е реализирано ништо бидејќи се донесе политичка одлука TAZ да оди под стечај за полесно да се приватизира. Следниот удар на TAZ настапува со распадот на Југославија и губење контакти со разни кооперации. Доколку со политичките збиднувања не би бил изгубен угледот, сé би можело да се реализира. Од деловите кои останале и изгубениот углед (губење на потрошувачи) Dubrava 14 се произведувала уште скоро пет години. Се смета дека тоа беше најлуксузниот производ од Југославија рамноправен со конкуренцијата (Mercedes-Benz 0303, Setra S215XP, Neoplan Transliner…) како по дизајн, технички карактеристики, сигурност, така и со количината на продадени примероци.
Се надеваме дека сфаќате дека дел од приказната за автобусите се создаде со моделот кој ја надживеа Југославија наместо со некој модел од почетокот на автобуската индустрија во Југославија. Во секој случај Dubrava 14 имаше 50 варијанти со 10 погонски мотори.