Прецизно спакуван асфалт
Dynapac е мултинационална машинска компанија од Шведска која е специјализирана за производство на градежни машини за асфалтирање, мобилни хранилки, набивачи и глодалки. Од 2017 Dynapac функционира како дел од француската Fayat Group која е водечка светска групација во областа на градежната машинска индустрија
Формирана во 1934 година како AB Vibro-Betong во Стокхолм, компанијата водена од главниот конструктор Хилдинг Свенсон, се бави со развивање на вибраторски набивачи. Во 1940-тата компанијата се преименува во AB Vibro-Verken за да по втората светска војна (во 1947-ма) го лансира првиот плочест вибратор кој тежел цели 1.6 тона. Во новата лаборатоија, отворена во 1948 година, започнува развојот на вибратоски патен ваљак кој е претставен во 1953-тата. Денешното седиште на фабриката е во Карлскрона, во производните погоните кои се пуштени во употреба во 1960, а во кои на почетокот се произведувани тешките ваљаци и во кои е сместен техничкиот развоен центар.
Во 70-тите години на минатиот век Швеѓаните стануваат светски лидер во производството на ваљаци за набивање. Уште една промена на името следи во 1973 кога фабриката го прифаќа името Dynamic Maskin AB, што воедно кореспондира со почетокот на моделската експанзија.
Од 2007, Dynapac се придружува на групацијата Atlas Copco, за да од минатата година стане дел од францускиот гигант од областа на градежништвото и градежната механизација, Fayat Group.
Денес Dynapac има пет производни погони лоцирани во Германија, Шведска, Кина, Бразил, Индиjа како и три посебни дистрибутивни центри сместени во Белгија, Кина и Соединетите Држави.
Широката палета на производи кои им се нудат на корисниците од целиот свет, можеме да ја поделиме во три поголеми групи: набивачи, асфалтери и машини за мелење.
Воглавно набивачите односно компакторите грубо можеме да ги поделиме на следниве подгрупи:
- Вибраторски ваљаци со еден барабан
- Вибраторски ваљаци со двоен барабан
- Комбинирани ваљаци
- Ваљаци со челичен барабан
- Пнеуматски ваљаци
- Ваљаци за тампонирање
Во групата на машини за асфалтирање се истакнуваат:
- Компактни асфалтирки
- Асфалтирки за урбани средини
- Комерцијални асфалтирки
- Големи асфалтирки
- Асфалтирки за автопатишта
- Асфалтирки со гасеници
- Асфалтирки со тркала
- Мобилни хранилки
- Рамнилки
Во групата на машини за мелење припаѓаат компактните и машините со голем капацитет. Оваа група машини се користи за оддржување на асфалтните површини каде што при евентуално оштетување машината го сече, гребе, меле и потоа транспортира отстранетиот асфалт.