ETSC

Најопасните европски земји за сообраќај се тука, кај нас

Невладината организација ETSC (European Transport Safety Council – Европски совет за безбедност во сообраќајот) неодамна ги објави резултатите од годишната анализа на безбедноста во сообраќајот на Стариот Континент

Според упатените, тие се во потполност очекувани и прилично поразувачки – најризично е да се патува по сообраќајниците на Источна Европа. Неславното прво место го држи Бугарија, каде во 2016 година се забележани 708 настрадани во сообраќајни несреќи, што со оглед на 7,2-та милиона жители и донесува индексна оценка 99. На второто место е Романија со индекс 97, додека Србија е на доста лошото трето место со оценка 86. Македонија не е меѓу анализираните земји, но со оглед на нашиот црн сообраќаен биланс (164 загинати во 2016-та) имаме „потенцијал” да им ги загрозиме позициите.

Очекувано, најдобро рангирани земји се Норвешка и Швајцарија (26), а одлични резултати во безбедноста во сообраќајот се забележани и во Шведска (27) и Велика Британија (29).

DCw3cPxUAAApT3v[1]