Неуништливиот Чак Норис рекламира Fiat
Чак Норис кој подолг низ години е култен херој и вистински глобален феномен, се придружи на Fiat и нивната доставна линија Professional
Сите знаеме за неверојатните и иронични надреални постапки на популарната ѕвезда за чие име Google ќе ни даде повеќе од 12 милиони резултати. Токму тој е новиот амбасадор на Fiat Professional. Познатиот американски актер, филмски продуцент и мајстор на боречките вештини чија Facebook страница има околу 6,5 милиони лајкови, со симпатична иронија ќе ги нагласи вредностите на доставните возила на Fiat: издржливост, долготрајност, динамичност, способност и прилагодливост на барањата на корисниците. Пораката е дека не мора да бидете Чак Норис или да ги имате неговите надчовечки способности за да бидете мајстор во она што го работите – едноставно имајте доверба во возилата на Fiat Professional.
Погледнете ги видео филмовите: