FIMAKO

Рециклирање на асфалт – можности и технологии

Додавањето на одредена пропорција на рециклиран асфалт во финалниот микс, станува се повеќе стандардна практика во производството на асфалт

Градителите на патишта се повеќе бараат висок однос на рециклиран асфалт – не само за да ги заштитат природните ресурси, туку и да ги оптимизираат производните трошоци благодарејќи на заштедата на агрегат и битумен, со користењето на модерните технологии на рециклирање.

1. Рециклирање во Асфалтна База – MARINI

Сите Асфалтни Бази од програмата на италијанската фирма MARINI се спремни да вклучат и рециклиран асфалт во своето производство. Во тој контекст, постојат неколку начини рециклираниот ладен асфалт да се вклучи во топлиот микс.

Напреден рециклирачки прстен
Ладниот рециклиран материјал се додава директно во сушарата преку специјален рециклирачки прстен и ја достигнува финалната температура со топлинска размена на веќе прегреаниот чист агрегат. Напредниот дизајн на овој прстен спречува било какви затнувања кои можат да се јават при постепеното топење на битуменот кој е составен дел од рециклираниот материјал.

Овој економичен целосно тестиран метод овозможува висок однос на рециклирање до скоро 35% и повеќе во одредени специф. ситуации.

Рециклирање во миксер
Рециклираниот материјал се транспортира во миксерот преку елеватор за ладна мешавина и исто како и чистиот агрегат (материјал) се мери (вага) во посебен бункер пред да се додаде во миксерот.
Пареата ослободена во миксерот мора да биде отстранета и производството треба да се модифицира за да се осигура комплетна топлинска размена помеѓу ладниот рециклиран асфалт и загреаните чисти агрегати.

Како што чистиот и рециклираниот материјал се движат низ различни патишта во миксерот, чистиот агрегат може да биде просеен во сито. Соодносот на рециклирање во овој случај достигнува и до 25%, а во комбинација со рециклирачкиот прстен може да се постигне рециклирање и до 40% и повеќе.

Рециклирање со втора сушара
Рециклираниот материјал во овој случај се суши и загрева во посебен паралелен цилиндар за сушење, посебно направен за оваа намена. Внатрешното мешање овозможува постепено достигнување на бараната температура и да се избегне ризикот од затнување, со што се овозможува висока стапка на рециклирање, дури и до 60% и повеќе.  Чистиот агрегат го прати истиот пат како и вообичаено и се просејува.

2. Рециклирање на постоечки патишта на лице место – BOMAG

Ладно рециклирање
Рециклаторите се користат да го здробат постоечкиот асфалт и се способни да третираат дебели патни слоеви со едно поминување. Срцето на овој тип опрема за рециклирање се роторите за гребење и мешање, со широк спектар на специјален алат/ножеви за гребење. Роторот се движи во нагорна ротација за да го здроби постоечкиот асфалтен слој. Со едно поминување постоечкиот материјал е издробен, дополнителниот материјал (како земја и сл.) е измешан заедно и адитиви како битумен и вода се инјектирани во процесот на мешање. Процесот е контролиран од микропроцесор кој гарантира прецизно мерење (дозирање). За да се помогне распределбата на битуменот во мискот, тој се претвара во пена (пенест битумен) при контакт на жешкиот битумен и водата.

Предности на ладното рециклирање на лице место
Користењето на овој тип на ладно рециклирање при рехабилитација на патиштата ги нуди следните предности:

Еколошки: Целиот материјал на постоечките патишта е рециклиран и искористен на лице место, така што транспортот до депонија не е потребен. Количината на ново додаден грануларен материјал е минимална или нула. Создавањето на нови ископи (каменоломи) е намален и методот значително ги намалува транспортните трошоци. Ова има јасен ефект кон целосната потрошувачка на енергија и ЦО гасовите кои се значително намалени. Исто така, рециклирањето ја намалува колатералната штета на патиштата причинета од транспортирањето на тешки товари.

Квалитет: Високо квалитетен микс е создаден од материјалите кои се искористени на лице место, комбинирани со вода и сврзувачките адитиви. Пумпите кои се контролирани од микропроцесорот, овозможуваат прецизно дозирање на адитивите. Ладно рециклиран асфалтен слој е создаден со беспрекорни механички карактеристики, на кој потоа се поставува горниот (абечки) слој. Последователно на тоа, не е потребно да се користи некакво зајакнување на подлогата, бидејќи самата процедура го подобрува капацитетот на носивост на патот, што е потврдено со многу тестови и изведени проекти.

Стабилност: Ладното рециклирање создава униформен компактен слој кој нема слаби точки како кај потенките слоеви.

Стрес на подлогата: Стресот на подлогата е минимален во споредба со оптоварувањата кои ги трпи при класичниот метод на реконструкција на асфалтот, каде високи оптоварувања водат до деформација на површината. Ладното рециклирање најчесто се изведува со едно поминување, а машината со своите гумени тркала, го избегнува контактот со третираната подлога.

Време на изградба: Машините за рециклирање имаат повисок дневен капацитет на извршување во споредба со сите други методи на рехабилитација. Поради тоа, времето на изградба е значително намалено. Во исто време, благодарејќи на намаленото време, трошоците за проектот и непријатностите на корисниците на патиштата . Прекините помеѓу изградбата и сообраќајот се лимитирани.

Сигурност: Една од најважните предности на ладното рециклирање е високото ниво на сигурност во патниот сообраќај. Додека рециклирачкиот спрег работи во една лента, останатите се слободни за безбеден сообраќај. Реконструкцијата може да се изврши на половина од коловозот во текот на денот и целиот пат ќе може да биде отворен за сообраќај на крајот од работниот ден.

Заклучок
Ладното рециклирање на лице место, во спој со резултатите од тестирањата е супериорен процес во однос на класичните методи, како во пократкото време на изведба, механичките карактеристики на патот и идните потреби од одржување.

3. Процесирање и рециклирање со мобилна дробилица – ROCKSTER

Rockster ударна дробилица R700S – проект Пекинг (Кина)
За прв пат во Пекинг, рециклиран асфалт и бетон беа дробени директно на градилиште и веднаш искористени за изградба на патишта/улици.

Финалниот материјал произведен од дробилицата R700S, на австрискиот производител “Rockster” се одликува со одличен квалитет, кубичното зрно може оптимално да се користи во патната изградба или било какви други градежни материјали – изјави г-дин Huang, менаџер на компанијата “Beijing Yu Long Environment Protection”. Горд на својот прв рециклирачки проект во центарот на Пекинг, процесирајќи неверојатни 5.500 тони материјал. Благодарејќи на моменталното реискористување на издбробениот материјал во нов пат, значително беа намалени високите транпспортни трошоци како и избегнувањето на издувни гасови.

Комплименти за перформансите и дополнителниот систем за собирање на прашината.

Моделот Rockster R700S изврши одлична работа со константно производство со повеќе од 100 т. на час до големина од 0/32mm и мала потрошувачка на гориво. Уште повеќе импресионираше системот за собирање на прашината монтиран на главната лента, специјално направена за вакви услови. Низ целиот рециклирачки процес, скоро никакви издувни гасови или прашина не беа произведени.

Рециклирачкиот потенцијал во Пекинг
Г-дин Wang, проект менаџер на “Beijing City Road and Bridge Construction Group”, вели: “Многу е значајно за нас да го рециклираме градежниот отпад. За да ја зачуваме околината и заштитиме природните ресурси.” Проценето е дека само во градот Пекинг, околу 40 милиони тони на градежен отпад може да се рециклира со дробилица као што е Rockster R700S и околу 90% од тој отпад може да биде повторно искористен. Овие бројки се импресивни и го покажуваат високиот потенцијал во рециклирањето, не само во Кина, туку и низ целиот свет.

4. Топол асфалтен микс директно на градилиште, со ниски трошоци – BAGELA

Брзо производство на асфалт (со заштеда на ресурси) до 10 тона на секој час. Овој рециклатор од германската фирма BAGELA, користи изгребен, отпаден асфалт за производство на нов базичен слој. Фирмата BAGELA како светски лидер го има патентот за овој “зелен“ пазарен сегмент.

Придобивки:

  • Топол асфалтен микс спремен за само 10 минути – во секое време и место;
  • Елиминација на материјали, транспорт и трошоци за исфрлање;
  • Избегнување на опасен оптад, благодарејќи на 100% рециклирање;
  • Рециклирањето на 1 тон асфалт, бара само 6 литри гориво;

Асфалтниот рециклатор Bagela ја докажува својата вредност секаде каде што е потребно мануелно вградување на асфалт. А во исто време е и еколошки прифатлив, независен и прави заштеда на трошоците.

Разни државни и интернацонални истражувања и анализи, доведоа до фактот дека: Висококвалитетен базичен слој може да се направи од кршен (рециклиран) асфалт, со компетентно користење на Bagela рециклаторот за асфалт.