Ford F-150 Raptor

Уште подобар и поатрактивен

Ford F-150 е најуспешното возило на американскиот пазар, не само меѓу пикапите

За да докажаниот имиџ му биде уште поголем, Ford ја нуди неговата Raptor изведба. Ултимативна во многу што, таа со своите способности и сила просто освојува. Задвижувана е со 3,5 литарски V6 битурбо мотор со 456 KS и 692 Nm и има погон на сите тркала и 10-степен автоматски менувач, а за идната моделска доби и бројни подобрувања. Опремена е со нови FOX Racing Shox амортизери со Live Valve технологија чија електроника овозможува активна адаптација, односно континуирано подесување за да се подобрат лежењето на патот и комфорот во возењето. Тоа се постигнува со автоматско варирање на степенот на компресија во амортизерите и поодбра контрола на вертикалното од кој на предните тркала изнесува 330 а на задните 353 mm.

Новост е и Trail Control системот кој е активен при брзини меѓу 2 и 35 km/h. Работи слично како стандардниот темпомат и помага при одржување на константна брзина на тешки терени, со што му овозможува на возачот повеќе да се концентрира на управувањето со возилото, а не на одржувањето на брзината. За поголема атрактивност обновениот Raptor ќе се нуди со три нови бои – Ford Performance Blue, Velocity Blue и Agate Black, како и со нова предни Recaro седишта.

Ford F-150 Raptor се произведува во фабриката Dearborn Truck Plant, а на пазарот ќе биде достапен при крајот на годинава.