Ford Transit

Играта се менува

Легендата меѓу доставните возила, Ford Transit, дови нови мотори и серија подобрувања


Ford започна со нова офанзива кај комерцијалните возила. Моторната техника во овој сегмент ретко се менува, но кога се менува носи неспоредливи подобрувања. Така е и со најновиот EcoBlue агрегат, кој ќе го замени сегашниот 2,2 литарски мотор во Transit и Transit Custom. Ќе биде на располагање во три верзии – со 105, 130 и 170 коњски сили, со максимални 360, 385 и 405 Nm соодветно. Многу битно е и што вртежниот момент при 1.250 вртежи во минута е за 20% поголем – што значи ова знае секој што седнал зад управувачот на (пре)товарено комби.

Ford2016_Transit_Group_09

Од претходникот го разликуваат работната зафатнина од два литри и значителното намалување на трошоците за експлоатација. Сервисните интервали му се продолжени на 2 години односно 60 илјади километри, а економичноста подобрена за 13 отсто. Ги задоволува Euro VI нормите кои ќе стапат на сила есенва и налагаат намалување на азотните оксиди за 55%. Тоа е постигнато со оптимизираниот процес на согорување дополнет со селективна каталичка редукција и третман на издувните гасови со AdBlue адитив. Комплетно новата конструкција е дополнета со унапредена технологија за натполнење и вбризгување на горивото, како и со старт-стоп систем. Намалени му се и вибрациите и бучавата кои се сведени на ниво на патничките возила.

The new Transit: EcoBlue EngineНовиот агрегат на Ford помина 5,5 милиони километри тестирања. Развиен е од страна на инженерските тимови на Ford во Велика Британија и Германија и е способен да испорача повеќе од 200 коњски сили. Во некоја таква верзија подоцна ќе се најде и во патничката програма на марката. За таа намена идните планови на Ford уште вклучуваат и негова 1,5 литарска верзија.

Освен со него, популарната гама комерцијални возила на Ford ќе биде освежена и со повеќе напредни електронски асистенти. Меѓу нив се и системот за препознавање сообраќајни знаци и адаптивниот темпомат кој со камери и радар ги одржува брзината и растојанието од возилото напред. Интересен е и системот за стабилизација при бочен ветар што решава еден голем проблем кај комерцијалните возила, додека од светот на автомобилите е позајмен системот за детекција на пешаци. Во кабината на новиот Transit сега се среќава и Ford SYNC 2 конективниот систем со гласовни команди и 6-инчен колор дисплеј чувствителен на допир. Преку него се подесуваат аудио системот и навигацијата, а поврзувањето со мобилен телефон го олеснува користењето.

Ford2016_Transit_41За оние кои возењето е повеќе од професија Ford Transit и Transit Custom ќе можат да се добијат и со шестстепена автоматика, но само за моделите со погон напредните тркала. Во комбинација со новиот мотор, оваа трансмисија со опција за мануелно менување на степените на пренос нуди меко и економично возење. Моделите наменети за превоз на патници ќе можат да бидат опремени и со воздушно ослонување. Корекции на ослонувањето се направени и кај товарните изведби, додека сите добија подобрен систем за управување.

Двотонскиот Transit и еднотонскиот Transit Custom се носечки модели во обновената гама комерцијални возила на Ford, која уште ги вклучува и Transit Connect и Courier. Успехот на проширената понуда доведе марката да стане број 1 по продажба во Европа – за прв пат по 19 години. Во бројки изразено, тоа значи пласман на 280.000 возила лани, за 23% повеќе од годината пред тоа.

Transit