Geberit Sigma21 и Sigma50

Што е во мода?

► Оние кои не слушнале за Geberit можеби ќе се изненадат за што пишуваме – другите пак веќе претпоставуваат

Швајцарската компанија Geberit ја прошири понудата со два нови производи. Дизајнирани ултрамодерно, ниту нивниот изглед ниту нивните звучни ознаки Sigma21 и Sigma50 не откриваат дека всушност станува збор за копчиња со кои се пушта вода во WC-казанчињата. Ги следат трендовите и изведени се во медена, црвено злато или црн хром бои кои им даваат посебно елегантен изглед. Наменети се за оние кои инсистираат на индивидуализација на сé во својот живот, па и на вакви детали. Обложени се со стаклокерамички слој кој ги штити од оштетувања, а можат да се комбинираат со модули за отстранување на неугодните мириси из WC-школката. Постои можност и за вградување ноќно светло за ориентација под нив и слотови за вметнување стикови за дезинфекција.