Gipo во служба на коридорот 10
Неколку дробилки на швајарски GIPO, ангажирани преку фирмата Integral, ставени се во служба за изградба на екстремно тешка делница низ Грделичката клисура
Кога целосно ќе биде пуштен во употреба автопатот низ Грделичка клисура, локацијата позната како Момин Камен ќе се поминува со максимално дозволена брзина. Притоа малкумина ќе бидат свесни дека изградбата на така сложена делница бара извонредни напори и стручна посветеност. На потег од само 7 километри српската компанија Integral има изградено 4 моста и еден вијадукт со импозантни димензии. Високите критерими и кратките рокови за изградба на Коридорот 10 мора по секоја цена да бидат испочитувани.
Во запазувањето на високо поставените цели, компанијата користи исклучиво дробилки од швајцарскиот производител GIPO. Овој податок добива на важност ако се знае дека потребната гранулација на дробениот камен треба да биде со индекс 30 и 62. Ништо посебно би рекол некој неупатен, но да се потсетиме дека ло кацијата не случајно се вика Момин Камен – локалното население точно знае дека дробилките ќе се соочат со извонредно голема цврстина на материјалот за обработка.
Во дробењето, кое патем речено се обавува во три смени, се ангажирани неколку машини на GIPO поточно моделите GIPOREC R130 и GIPOREC 131/130.
За Gipo
Компанијата Emil Gisler AG е основана во 1982 година и од тогаш на светскиот пазар има пласирано преку 600 машини кои сеуште се во функција.
Брзиот развој на компанијата резултира со формирање на посебна развојно-производна единица GIPO (Gisler Power) која се специјализира за конструирање на машини за дробење на камен и други цврсти материи како и машини наменети за обработка на отпаден и рециклирачки материјал.
Како пионер на ова поле, компанијата е фокусирана на понатамошен развој на компоненти, опрема и комплетни машини. Притоа корпорацискиот фокус се става на флексибилноста и континуирано имплементирање на најновите технолошки сознанија во актуелната гама на производи. Слоганот “Ефикасни производи со помош на кои се поместуваат цели планини”, освен како рекламно мото, на одличен начин ја опишува ефикасноста на дробилките на швајцарскиот производител.
Giporec R-серија
GIPO AG комбинира долгогодишно искуство во областа на постројки за обработка на материјали од индустријата на природен камен со индустријата за рециклирање. Новите постројки на GIPO ги носат сите специфики по кој е познат швајцарскиот производител. Генерално гледано тие влеваат голема сигурност, даваат одлични перформанси, имаат робусен и компактен дизајн, високо квалитетни компоненти, а одржувањето им е едноставно.
GIPO секогаш ги поставува стандардите во областа на технологијата за обработка. Како швајцарски пионери во оваа област, инженерите за развој на компоненти и специфични изведби на дробилки, даваат свој витален придонес. Флексибилноста секогаш добива примат во корпоративна филозофија, и токму затоа техничките иновации се применуваат континуирано и во многу кратки временски периоди.
Кога говориме за дробилките кои се употребуваат за изградба на Коридорот 10, односно за трасата која поминува низ Грделичка клисура, ќе истакнеме дека станува збор за докажаната серија која припаѓа во групата самоодни ударни дробилки. И двата наведени типа на GIPOREC машини се истакнуваат според нивната ефикасност, доверливост и економично работење. Современата конструкција на овие постројки можеби и најдобро се огледа во еколошкиот момент кој е запазен со вградување на современи погонски единици позајмени од Caterpillar.
За стекнување на појасна претстава околу можностите и капацитетите ги приложуваме техничките податоци на двата типа на дробилки ангажирани од страна на изведувачите на компанијата Integral.
Технички спецификации за Giporec R 131 FDR
Волумен на хранилката | приближно 7,5 m³ |
Ударна дробилка | P 131 |
Влез на ударната дробилка | 1.270 x 920 mm |
Пречник на роторот | 1.200 mm |
Сеалка | 1.500 x 5.000 mm |
Погонска единица | CAT C13 ACERT Stage IIIB 354kW/475КС |
Капацитет | 400 t/h |
Тежина без решеткаста сеалка | 50.000 kg |
Вкупна тежина | 60.000 kg |
Технички спецификации за Giporec R 130 FDR
Волумен на хранилката | 7,0 m³ |
Сеалка | 1.120 x 3. 500 mm |
Транспорт на хранилката | 1.200 x 2000 mm |
Влез на ударната дробилка | 1.270 x 925 (1.100) mm |
Пречник на роторот | 1.300 mm |
Капацитет | до 500 t/h |
Главен транспорт | 1.400 x 9.000 mm |
Погонска единица | CAT C15 ACERT Stage IIIB 403 kW/550 КС |
Вкупна тежина | 63.000 kg |