Giporec R 100 FDR Giga DA и Giposcreen GS 155

Цело е кога има сé

Идеално се надополнуваат една со друга

Giposcreen GS 155 е сејалка која Gipo ја пласираше на пазарот во 2018 година, која веќе го најде своето место во машинскиот парк на компаниите од регионов. Идеално дополнувајќи се со со мобилната дробилка Giporec R 100 FDR Giga DA, овие две машини прават една целина која значително ги зголемува капацитетите за испорака на дробен материјал и проширува можностите на бизнисот во поглед на задоволување на различните барања на купувачите.

Оваа компанија лани го привлече вниманието со тоа што втора во светот ја набави мобилната дробилка Giporec R 100 FDR Giga DA, што во условите и приликите во кои функционира овој бизнис во регионов е настан рамен на сензација. И во двете машини се втемелени најсовремените технологии и долгогодишното знаење и искуство со цел да се добие квалитетна, економична и мултифункционална машина која ќе може да извршува различни задачи на каменоломи, градилишта или во функција при рециклирањето на минерални суровини. Giporec R 100 FDR Giga DA е опремена со двостепенско предсито за јаловината и ги одвојува лесните материјали како што се дрвото, пластиката и слично, додека пак магнетниот издвојувач од влезниот материјал го извлекува железото. Четирите ваги за подвижни ленти вградени во транспортната лента служат за мерење на количината на произведените фракции, јаловина и повратни зрна. Опремена е со двостепенско сито со површина од 5,2 m², како и со ударно-ротациско мелење со три ударни завеси. Со ова е овозможено постигнување на бараниот квалитет и гранулометријата на конечниот производ. Со најважните функции на машината може да се управува со далечински управувач.

Новиот иновативен директен погон на ударно-ротациско дробење (DA – Direktantriebssystem) се карактеризира со минимална потрошувачка на гориво и максимална економска ефикасност. Моторот директно преку менувачот, со минимални внатрешни отпори и механички губитоци, како и со зголемен вртежен момент на роторот, ја придвижува ударната дробилка. Со нови решенија на помошниот хидрауличен погон се придвижуваат вибрододавачите, ситото и транспортните ленти – сé со цел зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за погонска енергија. Сето тоа се задвижува со CAT C9 дизел мотор со силина од 261 kW. Мерењата спроведени во реални експлoатациски услови покажуваат дека Giporec машините со директни погони на ударно-ротационен млин остваруваат најмалку потрошено дизел гориво по тон издробен материјал во светот.

Оптималните резултати оваа машина ги постигнува работејќи во тандем со специјализирана сејалка, како што е сосема новата Giposcreen GS 155. Овој тип машини се наменети за грубо сортирање на материјалот пред првиот процес на дробење. За тоа се опремени со повеќе типови сита, перфорирани плочи и мрежи. Достапни се во повеќе големини и изведби, со капацитет од 200 до 500 тони на час. Моделот Giposcreen GS 155 е 15,3 метарски, со тежина од 30 тони и капацитет од 400 тони на час. Располага со CAT мотор од 97 kW и работни димензии од 1.524×4.880 mm.

Giposcreen GS 155 технички карактеристики

Работни димензии 1.524×4.880 mm
Капацитет 400 тони на час
Погонски мотор CAT 97 kW
Тежина на машина 29.860 kg
Транспортна должина 15.300 mm
Транспортна широчина 2.900 mm
Транспортна височина 3.400 mm