GIPOREC R 131 FDR во EBRD, Бретен (Германија)

Мобилната ударната дробилка на служба во Јужна Германија

Групацијата Harsch-EBRD во јужно-германскиот Бретен, сместен помеѓу Штутгарт и Карлсруе, на зголемената побарувачка за преработка на градежен отпад, одговара со инвестиција во ударна дробилка со вградено сито, купена од швајцарскиот производител GIPO

Компанијата од Бретен, сместена помеѓу Штутгарт и Карлсруе постои подолго од четвртина век. Во нејзини рамки функционира погон за рециклирање на градежен материјал наречен “Damenknie” во кој раководтството одлучи да одговори на зголемените барања за обработка на градежниот отпад и негово повторно ставање во употреба.

IMG_1160

Заради поефикасно одговарање на овие потреби, постојниот стационарен уред за обработка на градежниот отпад тие решија да го заменат со нова мобилна ударна дробилка, GIPOREC R131 FDR Giga. Од мноштвото понуди изборот падна на 60 тонскиот уред на швајацарскиот производител GIPO. Помеѓу останатото одлуката е донесена и поради позитивните искуства стекнати од три такви постројки кои работат во таа област. Дробилката е испорачана минатата година во мај месец и веднаш е ставена во полна функција.

Мобилноста на дробилката овозможува поширока употреба

Процесот на донесување на одлука за купување на мобилната дробилка траел подолго време, период во кој е преговарано за специфичните потреби на купувачот и прилагодување на дробилката спрема тие специфики. Во тригодишен процес на селекција, со интензивни дискусии, менаџерите на компанијата и професионалци за снабдување со опрема, се дошло до зацртаната цел. Како одлучувачки аргументи при носење на одлуката се наметнала индивидуализација на производството со воведување на иновативни решенија како што се зголемениот отвор за внесот на инката, надолжниот излез за челичниот материјал, воздушниот сепаратор како и автоматското подмачкување, што максимално ја минимизира потребата за сервисирање и одржување. Тоа е од суштинско значење за клиентот, истото важи и за ниските емисии на употребениот CAT дизел мотор, но и понудените услуги и сервисни резервни делови кои доаѓаат директно од Швајцарија.
Одговорните од ЕБОР очекуваат обработката на материјал да достигне годишен волумен од околу 60.000 тони. За ракување со GIPO посторјката е предвиден само еден оператор кој би работел околу 800 работни часа на годишно ниво, така да во следните 10 – 12 години дробилката би требало да одработи околу 10.000 работни часа.

IMG_1163

Поради зголемената можност за сепарирање на обработениот материјал се очекува значително подобрување на квалитетот на рециклираниот материјал кој го дава новата GIPO постројка. Во таа насока одвојување на железето од армираниот бетон се врши со надолжно поставени магнетни сепаратори. За отстранување на другите компоненти, како што се стиропор, дрво, пластични фолии, … се користи воздушен класификатор.
Од страна на корисникот, мобилноста на дробилката е оценета како голема предност. Благодарение на погонот на гасеници, GIPOREC 131 може непосредно да се користи и на големите градилишта, и тоа за рециклирање на градежниот шут на самото градилиште.

GIPOREC R 131 FDR GIGA

Новата постројка на GIPO ги носи сите специфики по кој е познат швајцарскиот производител. Генерално гледано таа влева голема сигурност, дава одлични перформанси, има робусен и компактен дизајн, високо квалитетни компоненти, а одржувањето е едноставно. Исто така, се истакнува по докажаната долговечност но и како пријател на животната средина, факт кој го овозможува вградениот CAT мотор со највисоки стандарди на емисија на штетни гасови.
GIPO AG комбинира долгогодишно искуство во областа на постројки за обработка на материјали од индустријата на природен камен со индустријата за рециклирање. GIPO секогаш ги поставува стандардите во областа на технологијата за обработка. Како швајцарски пионери во оваа област, инженерите за развој на компоненти и разни изведби на дробилки, даваат свој витален придонес. Флексибилноста е секогаш во првите редови на корпоративна филозофија, и токму затоа техничките иновации се применуваат континуирано и во многу кратки временски периоди.

Технички спецификации за GIPOREC R 131 FDR GIGA

• Волумен на хранилката ………… приближно 7.5 m3
• Ударна дробилка ………………… P 131
• Влез на ударната дробилка …….. 1270 x 920 mm
• Пречник на роторот …………….. 1200 mm
• Сеалка ……………………………. 1500 x 5000mm
• Погонска единица ……………… CAT C13 ACERT Stage IIIB 354kW / 475КС
• Капацитет ……………………….. 400 t / h
• Тежина без решеткаста сеалка … 50.000 kg
• Вкупна тежина …………………… 60.000 kg