Haulotte H16TPX

Самоодна телескопска дигалка

Haulotte H16TPX е самоодна дизел платформа со телескопска рака со висина на подигнување од 15,4 метри

Работниот дофат и изнесува 12,3 метри хоризонтално, аголот на ротирање на платформата 178°, а брзината на движење од 0,7 до 5,5 km/h. Опремена е со генератор од 4,1 kW, носивоста е декларирана на 230 килограми, а наклонот што може да го искачи 50%. Deutz дизел моторот со 42,4 коњски сили кој ги задвижува сите тркала е сосема доволен за нејзината тежина од 6.800 kg. Хидрауличниот диференцијал е за 35 cm оддалечен од подлогата, што и ги подобрува способностите за работа на нерамен терен. Робусна, доверлива и едноставна за одржување, оваа работна платформа е опремена со лимитатори за преоптоварување што ја зголемува сигурноста во работата.

21582148_w640_h640_h16tpx_2