Heuliez Bus

Parlez-vous français?

Француската автобуска индустрија е тотална непознаница за нас, за што постојат добри причини


Додека во светот на автомобилите француската продукција ни е добро позната, за нивните автобуси не знаеме ама баш ништо. Ретките примероци кои како користени се увезени кај нас не ја даваат вистинската слика, но од нив може да се насети зошто е така. Имено, постојат барем две причини зошто француските автобуси не ни се познати не само нам, туку и на добар дел од Европа. Првата е што Французите не сакаат многу да се возат со автобуси – главното средство за јавен превоз таму е железницата: подземна, надземна, брза… Заради тоа и долголиниската автобуска индустрија не им се воопшто има развиено – сега практично не постои. Втората е што Франција е држава со акцентирано национално размислување па така на секој тендер за набавка на било што предност секогаш имаат домашните производители. А тие, барем во автобускиот дел, се имаат концентрирано на возилата за градски превоз кои по правило носат постабилна заработка – доколку се има пазар за нив, секако. Затоа и освен дома и во поретки исклучоци за извоз, француските автобуси не можат да се сретнат пошироко.

Citroen-p45-2Но, глобализацијата си го направи своето. Поевтиното производство од увоз беше причина и онака кревката автобуска индустрија во Франција да бара помоќни патрони, па по преминувањето на сопственоста од едни во други раце, бројните divers_gx17stp1прегрупирања и реименувања, активен на сцената остана само Heuliez Bus. Оваа фирма како дел од групацијата Henri Heuliez основана е не така далечната 1979 година, но корените и допираат дури до 1925 година – тогаш ја имаат направено првата каросерија на шасијата на Peugeot 177B. maxresdefaultВо 1932 година го претставуваат својот прв автобус со дрвено тело, а после војната дебитираат и со модел на основа на Citroen P 45. Годините потоа ги преживуваат со туристички автобуси и специјални изведби, додека седумдесеттите ги одбележа соработката со Mercedes-Benz која доведе до производство на моделите O305 и зглобниот O305 G под логото на Heuliez.

Heuliez_GX_107_-_Poitiers_01GX_337D3_4_AVD_GX127_vert_highGX437_vue_manquanteНовата фабрика отворена во 1982 година налагаше раскрстување со скромниот ритам на работа и беше потпишан договор со Renault Trucks. Се започна и со развој на нови модели, кои бавно но сепак пристигнуваа. Прв беше минибусот GX 17 базиран на Renault Master, па следеа поголемите GX 107 и GX 187. Моделот GX 44 беше направен на основа на Mercedes O305 специјално за јавниот превоз во Нант, а GX 113 пак за Марсеј. Во 1990 година Heuliez Bus го направи и мидибусот GX 77H, во 1994-тата нископодниот GX 317 базиран на шасија од Renault, чија соработката со Volvo од 1995 до 2001 година доведе до продукција на моделите GX 217 и GX 417. Спојувањето на индустриската дивизија на Renault со Iveco во 1999 година го стави Heuliez под италијанска капа, за сега да егзистираат како дел од Irisbus. Тоа е и третата и во моментов главна причина зошто не ги познаваме француските автобуси – сé што произведува Heuliez за извоз се продава како Irisbus. Со таа практика се започна во 2002-рата со моделите Civis и Cristalis. Од возилата наменети за домашниот пазар на кои сé уште се наоѓаат сопствените ознаки следеше мидибусот GX 117, кој како наследник на 77H е лансиран во 1999-тата, но во 2005-тата, после значајниот рестајлинг, е преименуван во GX 127. После него дојдоа GX 327 и неговата зглобна верзија GX 427.

Со модернизацијата во 2014 година гамата со заеднички назив Access’Bus се преименуваше во GX 137, 137L, 337 и 437. Во основа тоа е една серија автобуси со четири различни должини (9,52-10,75-12-18 метри), две широчини (2,33 и 2,55 метри) и три мотори (дизел, CNG и хибрид). Првите два модела се мидибуси со 2 и 3 врати, третиот е соло автобус со капацитет до 110 патници, а најголемиот е негова зглобна изведба. Погонските механизми, нормално, се од Iveco. Се користат Tector 7 со 250 и 286 KS и Cursor мотори со 360 и 400 KS, кој е достапен и во CNG и хибридна варијанта. Најново во продукцијата на Heuliez е претставувањето на електричната верзија на GX 337.

communique_2015-01-23

Овој француски производител има капацитет од 500 возила годишно. Вработува околу 450 луѓе и остварува годишен промет од околу 120 милиони евра. Значајно е да се спомене дека 56% од ланското производство на Heuliez Bus се возила со хибриден погон.