Hitachi ZW80

Компактно и моќно

Малиот натоварувач на Hitachi може корпата со капацитет од 1m3 да ја подигне до натоварна височина од 2.5 метри. Брзиот циклус на работа и снаодливоста на мал простор се атрибути кои лесно можат да се претпостават

Серијата ZW е веќе етаблирана на пазарот. Тоа е натоварна машина со зглобна конструкција, поставена на тркала, која наоѓа примена во широк опсег на работни задачи. И покрај тој факт, Hitachi своите натоварни милиеничиња (ZW80/ZW90) постојано ги осовременува со нови технолошки склопови.

KL-EN031P-01

Таа констатација ја потврдува новиот дизел мотор кој располага со 61 КС и во однос на чистиот издув ги исполнува американските EPA Interim Tier 4 и европските EU Stage III A норми. Зголемениот притисок на заедничката пумпа за вбризгување, операторот го чувствува преку брзата реакција на командите и доволната резерва на вртежен момент а сопственикот преку зголемената продуктивност и намалената потрошувачка на гориво.

Со или без кабина

Во основната верзија ZW80 доаѓа со полукабина односна само со кровна конструкција. Во зависност од условите на експлоатација зглобниот натоварувач на тркала, може да биде опремен и со целосно затворена кабина. Во тој случај операторот ќе може да ужива во благодетите на опремата за греење, климатизер, прозорец на десната страна, бришач на ветробранот, потоа во заштитата од бучава и т.н. Интересно е дека во однос на безбедноста и двете изведби ги исполнуваат безбедносните стандарди пропишани со ROPS/FOPS критериумите.

KL-EN031Pb-01Од друга страна, предноста на отворената кабина се состои во можноста до кабината да се пристапи од двете страни факт кој оди во прилог на флексибилноста при работа. Притоа рамната подница ќе придонесе за лесно чистење на кабината.

Внатрешноста овозможува подолг престој во пријателски настроен амбиент. Зад управувачот е сместен монитор на кој може да се отчитат параметрите на машината, педалите се во стандардна изведба а рачката со која се управува со хидрауликата на корпата е пригодно сместена од десната страна.

Снага за секоја прилика

На прв поглед ZW80 остава впечаток на нежна машина. Кога ќе се погледнат можностите, таа слика се менува од темел. Со вкупна должина која се движи помеѓу 512 и 573 cm (во зависност од обликот на вградената товарна корпа) и широчина од 192 cm како и со вкупна тежина помеѓу 4.895 и 5.270 kg станува јасно дека машината располага со сериозни капацитети.

KL-EN031Pb-04И мобилност секако. Во прилог на последното ќе ја споменеме максималната брзина од 34 км/ч која овозможува брз и ефикасен работен циклус. Кога сензорите ќе регистриртаат товар со помала тежина, контролната електроника автоматски ќе го промени режимот во ECO мод со што заштедата на гориво достигнува и до 10%. Убавото се состои во намалената бучава и секако во економичната експлоатација.

Под еден капак

Зад натоварувачот е сместен моторот кој е покриен со голем капак. Токму со неговото отварање е овозможен лесен пристап до сите контролни точки. Тука се сместени и ладилниците за течност и масло кои се изработени од алуминиум.

KL-EN031Pb-06Нивното чистење исто како и визуелната контрола на нивото на останатите течности претставува обична секојдневна рутина која не побарува стручна подготовка. Отидено е до таму што и нивото на електролит во акулмулаторот е видливо однадвор.

Брз и ефикасен натоварувач на тркала е потреба на широк круг на корисници. Преместувањето на материјал на градилиштата е една од основните потреби на изведувачите.

Освен тоа и природата на земјоделските работи е таква што има потреба од преместување и товарање на продукти. А и на комуналните претпријатија не би им била одвишок една подвижна и снажна машина од типот на Hitachi ZW80.