Hitachi

Лифт со брзина од 75,6 km/h

Hitachi се подготвува да го направи најбрзиот лифт во светот

Специјално за еден облакодер во Кина, Hitachi се зафати со модификација на два свои ултрабрзи лифтови кои 95 ката ќе искачуваат за 43 секунди. Проектот е дел од развојната програма за јапонската корпорација и колку и да звучи импресивна брзината од 1.260 метри во минута (75,6 km/h) што ќе ја постигнуваат, треба да знаеме дека сегашната брзина им е „само” 1.200 метри во минута (72 km/h). Дополнителните 3,6 километри на час ќе се добијат со модификација на контролната електроника и олеснување на конструкцијата на лифтовите. За безбедноста се задолжени електромагнети сопирачки кои издржуваат температура од 300 степени целзиусови. За патниците полесно да ја поднесат оваа брзина се грижи специјален систем кој го регулира притисокот на воздухот во кабината при движењето.

Интересно е и тоа што лифтовите со оваа брзина се движат само нагоре – надолу таа е двојно помала.