Hunta Overcomer

Изгледа страшно, се однесува страшно

Белорускиот Overcomer вози по секаков терен, дури и по вода (потврдено со видео)

Од Белорусија ни доаѓа екстремно off-road возило под името Overcomer, кое може да вози преку секаков вид препреки, дури и по вода – со брзина до 8 km/h. Го произведува компанијата Hunta за која малку се знае. За возилото сепак има дузина податоци – долго е 4,5 метри и има меѓуоскино растојание од 3,1 метар. Зависно од изведбата високо е од 2,5 до 2,615 метри. За погон се користи 1,7 литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри и најголема силина од 81 KS или 1,9 литарски дизел со 95 KS. Обата мотора доаѓаат во комбинација со мануелен менувач со пет степени на пренос. На цврста подлога може да развие најголема брзина од 50 km/h. Каросеријата е изработена из фиберглас, а има резервоар за горива од 100 литри.

Погледнете го ова чудо од теренец во акција…