Husqvarna рачни дупчалки

За полесно расчистување со минатото

За да се тргне кон иднината, прво мора да се расчисти со минатото

Урбаниот напредок е незапирлив – тој во буквална смисла на зборот руши сé што ќе му се најде на патот. Но некогаш тоа не е така лесно. Расчистувањето на теренот е проблем кој бара груба сила, но суптилен пристап. Посебно со градбите постари од неколку децении, кога сé се градеше без прецизни пресметки и предимензионирано, со многу цврст бетон и железо. Употребата на сурова сила при рушењето на една таква градба може да биде сериозен проблем бидејќи по правило веднаш до неа се наоѓа нешто друго што мора да остане нечепнато, без никакви оштетувања. Тука на сцена стапува суптилноста на пристапот – градбата прво мора да се ослаби, да совлада нејзиниот децениски отпор а потоа да се руши. Како алат рачните дупчалки се идеални за тоа.

Но ова е само една од безбројните можни примени на овие алатки. Сите што работеле со нив знаат дека таа работа бара многу рачна сила и трпение, возвраќајќи со вибрации, болки во рацете и значителен замор. Со други зборови, продуктивноста опаѓа експоненцијално во текот на работниот ден. Инженерите на Husqvarna Construction како специјалисти за ваква опрема доста добро го знаат тоа. Применетите решенија кај нивните рачни дупчалки и дополнителната опрема за нив освен на издржливоста значително влијаат на подобрување на продуктивноста преку елиминирање на наведените нуспојави. Не е доволно само да кажеме дека алатот на Husqvarna има функционална ергономија, бидејќи таа е добиена како резултат на долгогодишни истражувања и подобрувања на конструкцијата. Посебно кај помалите модели дупчалки со кои по правило почесто се работи рачно. Кај нив меките рачки и поголемата контакт површина овозможуваат полесно ракување и помал напор за оператор, а со тоа и поголема продуктивност. Мислено е и на екипите за одржување, на кои модуларноста на апаратите им ја олеснува работата и поедноставува поправките.

Ќе разгледаме поблизу два модела рачни дупчалки на Husqvarna – DM 230 и DM 220. Спротивно на ознаките, уредот со поголемата бројка димензиски е помал – има должина од 44 сантиметри за разлика од 56-те на DM 220 заради рачката за држење која е на задниот дел. Тежината им е идентична – 7 kg, исто и моторот од 1,85 kW. Максималниот дијаметар на дупчење од рака изнесува 80, а со држач 150 mm. Поголемиот модел има и систем за електронско позиционирање кој ја зголемува ефикасноста без загрозување на прецизноста. Се разликува од DM 230 и по 360° прилагодливата предна рачка. Заеднички им се системите за заштита од преоптоварување и меко стартување со намалена брзина, како и тристепената трансмисија. Мокрото дупчење го остваруваат со вода под максимален притисок од 8 бари.

Овие рачни дупчалки се наменети за лесни работи како отвори за вентилација, водоводна и електрична мрежа и слично. Покрај хоризонтално и вертикално (нагоре или надолу), овозможуваат и дупчење под агол, за што е потребен и соодветен држач. Husqvarna секако има широка понуда на разни вакви држачи наменети за разни модели на дупчалки и разни примени и работи. Ние ќе го издвоиме DS 40 Gyro, кој е компатибилен со DM 230 и DM 220 дупчалките. Телескопската конструкција му е модуларна и флексибилна, лесно се монтира и уште полесно демонтира. Поддржува дупчење со максимален дијаметар од 150 mm, со работна должина од 600 mm. Должината на телескопскиот столб е 3,1 метар, а тежината 30 килограми. Заедно со споменатите дупчалки создава систем со супериорен однос моќ-тежина, ненадмината сестраност и едноставно ракување.