Специјалист за набивање терен
► Меѓу валјаците со единечен барабан на Hyundai 12-тонскиот HR120C-9 се издвојува по повеќе нешта
Семејството валјаци на Hyundai со единечен барабан од 9-тата генерација брои четири члена со моќност од 73 до 132 KS, оперативна тежина меѓу 7 и 14 тони и ширина на барабанот од 1,7 и 2,1 метар. Скромно но умно пополнето, тоа е специјално прилагодено за набивање на терен. Чест избор на градежниците е моделот HR120C-9, кој се издвојува со својот баланс меѓу големината и карактеристиките. Тежината му изнесува 12,3 тони, барабанот за набивање има широчина од 2,1 метри, дијаметар од 1,5 метри и дебелина од 30 mm и може да биде мазен или еж, а стругалките за гребење лесно се прилагодуваат за оптимално негово чистење. Системот за контрола обезбедува автоматско прилагодување на различни видови терен, а линеарното оптоварување на барабанот изнесува 33,81 kg/cm.
За погон се користи високоефикасен и сигурен Cummins Tier 4 Final дизел мотор со 132 коњски сили, кој му обезбедува центрифугална сила од 240, односно 140 kN во зависност од фрекфенцијата. Може да се изберат две фреквенции (30/40 Hz) и две амплитуди (1,8/0,6 mm) на системот за вибрирање за површинско и длабоко набивање. Стандардниот блокирачки диференцијал се отклучува автоматски секогаш кога различните брзини на тркалата се резултат на чести вртења и нерамнини на теренот. Зглобната конструкција од 30° без точки за подмачкување е робусна и бара малку одржување благодарение на лежиштата со седишта од тефлон. Четиристепениот хидростатички погон е ефикасен и моќен и обезбедува оптимална сила на влечење и контрола на терен со различни услови. Hyundai HR120C-9 може да се движи со брзина до 11,5 km/h, резервоарот за гориво му е со капацитет од 300 литри, а потребното количество хидраулично масло изнесува 106 литри.
Покрај лесното маневрирање и високата продуктивност, единечните валјаци на Hyundai можат да се пофала и со удобноста на операторот. Пространата кабина со систем за заштита при превртување има одлична видливост од 360 степени. Седиштето на операторот може да се прилагоди, а штитникот од сонце му дозволува работа без заслепување. Џојстикот со повеќе функции има брзи контроли за пристап за брзината на работа на моторот и контрола на вибрирањето.
Сите модели на валјаци за набивање на Hyundai од C серијата се конструирани со сервисирањето во предвид. Моторите и другите компоненти се лесно достапни благодарение на широкиот поклопец кој овозможува пристап од 270 степени од напред и од страна. Големите надворешни мокро подмачкувани лежишта обезбедуваат долги интервали на инспекција.