Lada Largus преминува на метан
Идната година Русите ќе добијат можност за евтин и еколошки превоз на патници и стока
Веќе е извесно дека Lada Largus која всушност е руска верзија првата генерација на Dacia Logan MCV, од идната година ќе може да се купи и со погон на природен гас, односно метан. Резервоарот за ова евтино и еколошко гориво кое Русија го има на претек е сместен зад седиштата и покриен со пластичен штитник. Моторот е Renault K4M и опремен е со уред за гас од италијанскиот производител Gemini. Lada Largus со погон на природен гас ќе се најде во продажба од вториот квартал 2018 година, во фургон и патничка верзија со пет седишта. Цената не е позната, но се очекува да биде за десетина отсто поголема од бензинската верзија.