Престижна награда за Iveco Daily Tourys
Iveco Daily Tourys се закити со уште едно значајно признание
Жирито составено од 18 специјализирани новинари од водечките европски публикации го прогласи Iveco Daily Tourys за најдобар минибус и му ја додели титулата International Minibus of the Year 2017. Престижната награда беше доделена на саемот FIAA 2017 International Bus and Coach Trade Fair кој се одржа во Мадрид. Претседателот на Bus & Coach of the Year жирито Том Терјесен сумирајќи ги гласовите на жирито рече: „Iveco Daily Tourys е комбинација на квалитетно изработена каросерија и премиум комфор за патниците. Силниот и истраен дизел мотор, најдобриот менувач во класата и пространиот багажен простор беа факторите кои придонесоа за нашата одлука, покрај ниските трошоци и можноста за сервисирање ширум Европа“.
Daily Tourys ги донесува сите предности на новиот Daily, кој беше претставен минатата година. Тоа се економичниот Euro VI мотор кој е исклучително еластичен и тивок во работата, добро решената ергономија и одличната звучна изолација, како и Hi-Matic 8-степениот автоматски менувач кој менувањето на степените на пренос го обавува за 200 милисекунди. Моторот со работна зафатнина од 3 литри располага со 210 KS и 470 Nm вртежен момент, а вкупната дозволена маса на возилото од 7,2 тони е единствена во класата.