Ги бива и за на Марс, ако треба!
► Човекот се подготвува за колонизација на Марс – веќе се проверува дали таму може да се живее
Во меѓувреме, тука на Земјата, има уште многу работа, за која да се заврши поефикасно британскиот специјалист за комбинирани машини JCB ја обнови својата гама за 2021 година. Се работи за нова генерација составена од три модела, со повеќе варијанти. Заеднички за сите се новите мотори, новата кабина и стандардната и опционална опрема. Во зависност од машината, на располагање се три Stage V дизел агрегати – 3,0 литарски со 55 kW (74 KS) и 440 Nm максимален вртежен момент, 4,8 литарски со 72 kW (97 KS) и 450 Nm и истиот мотор со 81 kW (109 KS) и 516 Nm. За задоволување на построгите еколошки норми употребена е врвна технологија за прочистување на цврстите честички и азотните оксиди, а за намалување на потрошувачката (до 7 отсто) опремени се со Auto Stop функција. Новите вградени компоненти им овозможуваат полесно стартување и намалување на сервисните трошоци, а генерално подобрите перформанси повисока ефикасност во работењето.
Основната поделба на новите машини е според управувачките тркала – кај моделот 3CX тие се само на предната оска, а кај поголемите 4CX и 5CX на двете оски. Понатаму, разликите меѓу секој од моделите и нивните варијанти е во намената и различните потреби на купувачите. Така основниот 3CX Eco кој е опремен со мотор од 55 kW и 4-степен мануелен менувач е машина со високи перформанси идеална за оние кои претежно работат на една локација.
За оние пак на кои им е потребна поголема подвижност наменет е 3CX Plus со мотор од 81 kW и 4-степен Powershift менувач со TorqueLock, кој му обезбедува одлични перформанси. Новиот 3CX Pro го има истиот мотор но со новата 6-степена Autoshift трансмисија со TorqueLock, со која времето на патување се намалува до 25 отсто заради што е наменет за оние кои имаат потреба од често возење од една на друга локација за работа, што пак им овозможува и да ја прошират географски својата област на делување и да освојат нови клиенти. Со слично распределени можности почитувајќи ги специфичните барањата на клиентите за секоја група посебно, се и поголемите модели со управување на сите тркала 4CX Plus, 4CX Pro и врвниот во гамата 5CX Pro.
Но сите купувачи, без разлика на потребите и барањата, ќе ги користат бенефитите на новата палета комбинирани машини на JCB. А нив ги има доста – почнувајќи од карактеристиките кои претходно беа опционални а сега се сериски, до оние кои се новововедени. Така сега сите модели имаат предни браници, поголеми ретровизори, заштита на задните светла, поцврсти корпи и други особености кои вистински ќе ги израдуваат операторите. Нивното работно место во новата кабина сега е далеку покомфорно и поергономско благодарејќи на мноштвото напредни одлики и технологии, како што е 7-инчниот LCD екран во боја и новите можности за автоматизација кои ја прават машината полесна за работа и со кои се штеди доста време. Ќе ги споменеме автоматското нивелирање и стабилизирање и автоматското 2WD префрлување на погонот, но и активирањето на командите кое е автоматско со препознавање на позицијата на седиштето накаде е свртено и блутут конекцијата за мобилен телефон. Сите модели се опремени со ЛЕД светла на покривот, а Pro изведбите меѓу другото и со клима уред, кој е опционален за останатите.
Ова се само дел од подобрувањата на новата палета комбинирани машини на JCB кои ќе ги задржат на водечката глобална позиција. Но со оглед на својата иновативност која оваа компанија веќе 75 години постојано ја докажува, ако треба ќе направи да можат да работат и на Марс. Сепак да се навратиме на почетокот на текстов и на оние кои на нашата планета им требаат вакви машини, кои во Македонија можат да се набават кај застапникот на JCB, Глобал Моторс од Скопје, кој можете да го контактирате на e-mail: info@global-motors.mk или на тел.: 071-307-804.