JCB 3CX прераснува во Multi Tool

Кралицата на машините за манипулација на земја добива нова димензија

Во пресрет на 70 годишнината на пуштањето во употреба на првите комбинирани ровокопачи/натоварувачи на светскиот пазар и многубројните континуирани унапредувања и подобрувања овие машини кои се повеќе се специфицираат како повеќенаменски, можат да понесат различни алатки и додатоци

Покрај основната функција на натоварување и ископ на земјен материјал се повеќе се бараат спецификации кои покрај основната намена добиваат алатки и додатоци специфицирани за одредени работни операции.

Најчесто употребувана алатка е хидрауличниот ударен чекан, потоа следат сврдлите за бушење на дупки за различни намени. Покрај во градежните, комуналните и земјоделските операции, важна улога тие играат и во зимскиот период каде што употребата на плугови за расчистување на снег е многу експлоатирана апликација.

Во последно време на технолошки локации каде има присуство и на други машини, посебно се специфицираат JCB универзалните ровокопачи/натоварувачи со опрема за изведување на специфични работни операции.

Најнов пример е поставувањето на индустриска четка со собирник за собирање на остатокот од гребењето на асфалт и фина подготовка пред полагањето на битуменска подлога пред асфалтирање. Покрај тоа самата машина на ровокопачката стрела може да биде опремена со гребач на асфалт или хидрауличен чекан.

Со самото тоа најпознатата универзална машина на светот добива и други креативни спецификации во процесите на рударството, поточно во експлоатацијата на камен. Порано се користеше за расчистување на остатоците од производството во рудниците, кршење на непродуктивните парчиња камен или натоварување на полурастресит материјал, така наречени секундарни операции во одржувањето на рудниците.

Сега се оди понатаму во процесот на сечење на цели блокови каде тоа не е можно со конвенционалните сечења со машините со дијамантски разина или со бушење и раздвојување.

За да го сочува легендарното прво место на најрентабилна машина за манипулација на земја добиено од National Geographic, компанијата JCB додатно вложува во развојот на овој тип машини.

Значајни се вложувањата во развој на најеколошки дизел мотори во оваа индустија исполнувајки ги EU Stage 4/Tier 4 Final критериумите на издувни гасови кои ги задоволуваат најстрогите европски норми за работа во урбани средини. Тие се вградуваат во моментот на овој тип машини со распон на силина помеѓу 55 и 81 kW. Во иднина тој развој не застанува туку се движи кон исполнување на највисоките Tier 5/EU Stage 5 норми кои стапуваат на сила во иднина.

Покрај овие креации има мноштво други варијанти и изведби заедно со широката лепеза на приклучни алатки и додатоци кои би можеле да најдат примени и во останатите сектори на економија, затоа со задоволство можеме да ја наречеме Кралица на мултифункционалноста.