JCB 457

Неприкосновен класичар

Работата на градилиштата или на локациите за експлоатација на материјали денес е незамислива без машини – но не било какви

JCB е марка позната по компактните ровокопачи-натоварувачи. Не е чудо што речиси половината од сите вакви машини во светот се нејзини. Но има многу работи каде нивната практичност и флексибилност не може да се искористи. Тогаш на сцена стапуваат класичарите – натоварувачите со тркала. Нив JCB ги има многу во понуда, поделени во повеќе категории и наменети за секаква апликација. Сега ќе фрлиме поглед на најголемиот – дваесеттонскиот 457.

16473

Како и другите натоварувачи со тркала од новата програма на JCB, овој еволутивно настанат модел преместува повеќе материјал со помалку гориво. Опремен е со најдобрите компоненти за обезбедување врвни перформанси, како резултат на што се справува и во најтешки услови за работа. Тој е првата машина на компанијата со новата CommandPlus кабина, а има и нов облик на задниот дел – поклопецот на моторот и контратегот. Погледот на техничките податоци ќе забележи и дека има мотор кој ги исполнува Tier 4 стандардите за емисии, Cummins-овиот 8,9 литарски шестцилиндричен дизел со 250 коњски сили и 1.085 њутн-метри максимален вртежен момент. Современите технологии со кои е опремен (турбо компресорот со променлива геометрија, хидрауличниот вентилатор и друго) придонесуваат овој мотор да биде за околу 16 отсто поштедлив во споредба со претходниот модел. Ефикасниот процес на согорување со SCR систем е заслужен и за исполнување на строгите еколошки норми без потреба за DPF филтер.

Runtech-457-T4FКабината на овој голем натоварувач на тркала има предни столбови кои се поместени на истата ширина како и оние на задниот дел, обезбедувајќи на тој начин поголем простор внатре и можност за панорамско ветробранско стакло кое ја гарантира одличната видливост. Ревидираните педали, новиот прилагодлив управувач и хидраулично монтираното седиште ја зголемуваат ергономијата, а со тоа и ефикасноста и безбедноста во работата. JCB 457 е на располагање со четири опции на подигнувачот на раката за да може да одговара на широк спектар индустриски апликации. Стандардните со ZX геометрија и издржливата HT рака имаат опции за високо подигнување, со кои оваа машина се прилагодува на сечии потреби и барања. За тоа придонесува и широкиот спектар на дополнителна опрема, по што JCB е познат.

16470

Посматрано низ призмата на градежништвото, примената на вистинската машина за секоја работа е еден од најбитните фактори за ефикасна реализација на било кој инвестициски проект. Но за се бележи постојан напредок, неопходен е и постојан развој и усовршување на работните карактеристики на машините. А тие кај 457 се унапредени до ниво за да може да се каже дека тој е најдобриот голем утоварувач на тркала денес достапен на пазарот. Има стандардна корпа од 3,5 m³, која при 45° може да се подигне до 2.845 и 3.416 милиметри (ZX и ZX High Lift), односно 3.027 и 3.993 mm (HT и HT Super High Lift), со товар кој кај секоја од нив соодветно изнесува 6.496, 4.846, 6.388 и 4.121 kg. Четиристепената целосно автоматска ZF трансмисија (која може да се замени со опционална петстепена) обезбедува транспортна брзина поголема од 40 километри на час, а зглобот со агол на прекршување од ±40° супериорни маневарски способности. Диференцијалите можат да бидат блoкирачки (рачно или автоматски). Ефикасните хидраулични сопирачки на сите тркала имаат синтеризирани ламели за намалување на загревањето, бидејќи кај машините на британската компанија акцентот секогаш е ставен и на безбедноста и комфорот на операторот.

За издржливоста на виталните делови и машински системи не треба да зборуваме – сепак се работи за неприкосновен класичар направен без компромиси, тестиран до крајни лимити во секакви услови насекаде низ светот. Или, пократко кажано, се работи за JCB.

8889